Рибери по 12 години го напушта Баерн


 

Фудбалерот на Баерн од Минхен Френк Рибери ќе го напушти клубот летово, потврдено е на официјалниот сајт на баварскиот тим.

„Кога дојдов овде ми се остварија сништата. Простувањето нема да биде лесно, но не смееме никогаш да заборавиме што сме оствариле заедно. Освоивме преку дваесет титули“, рече Рибери.

Покрај него, екипата ќе ја напушти и Арјен Робен, со што ќе биде завршена една ера во Баерн. Тие двајца беа убиствен тандем по боковите и беа најважни шрафови во годините на доминација на минхенскиот клуб.

„Френк и Арјен се одлични играчи. Баерн им честита на двајцата и ќе приреди емотивно испраќање. Му помогнаа на Баерн во неговата најдоминантна деценија“, вели извршниот директор на Баерн Карл-Хајнц Румениге.

Рибери во Баерн дојде 2007 година од Марсеј во трансфер вреден 30 милиони евра. Одигра 422 натпревари за минхенскиот тим и постигна 123 погодоци, со 183 асистенции.