Вардар во Келн ќе брка нова европска титула


Ракометарите на Вардар обезбедија пласман на „фајнл фоур“ турнирот во Лигата на шампионите што на 1 и 2 јуни ќе се одигра во Келн. Пред малку, македонскиот шампион загуби на гостувањето во Унгарија кај Пик Сегед со резултат 29-25 (17-9) што, сепак, беше доволно, имајќи предвид дека предноста на скопјани по првиот меч беше осум разлика.

Првиот дел од натпреварот беше ужасен, домаќинот имаше и предност од девет разлика, но во вториот дел, нашиот првак се врати во мечот и обезбеди поволен резултат.

Досега, пласман во Келн обезбедија Барселона, Веспрем и Киелце.