Касилјас се досадува во болница


 

Шпанскиот голман Икер Касилјас се наоѓа во болница откако неодамна доживеа срцев удар, а бидејќи повеќе не е во животна опасност, времето го поминува читајќи ги пораките за поддршка кои му стигнуваат на социјалните мрежи.

Во меѓувреме го следи и профилот на својата сопруга Сара Карбонеро, која на својот Инстаграм профил објави фотографија од интервјуто со светски познатата кајтсурферка Жизела Пулидо.

„Сега барем ќе имам време да го погледнам“, напиша Касилјас под фотографијата.

https://www.instagram.com/p/BxALNkFlDn3/?utm_source=ig_embed

Со коментарот насмеа илјадници свои фанови алудирајќи на тоа дека мора да лежи во болничкиот кревет каде веројатно се досадува.

Да потсетиме, еден од најдобрите голмани во историјата доживеа срцев удар на тренинг на Порто, а имаше среќа што таму има врвни лекари кои му укажаа прва помош, по што беше превезен во болница, на хируршки зафат.