Барселона без Дембеле следните дваесетина дена


Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле, нема да му помогне на каталонскиот тим во возвратниот натпревар со Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Според официјалната веб-страница на Барселона, 21-годишниот Французин не е вклучен во составот за овој меч.

Дембеле се повреди на натпреварот со Селта вчеравечер кој Барселона го загуби со 2:0.

Според прогнозите на клупскиот лекар, закрепнувањето на Дембеле ќе трае три до четири недели.