Aрсен Венгер ќе биде нов тренер на Милан?
Арсен Венгер најверојатно ќе биде нов тренер на Милан. Според француското списание „Франс фудбал“, легендарниот менаџер на Арсенал веќе се договорил со раководството на „росонерите“ и ќе го заземе местото на Џенаро Гатузо. Милан е четврти во Серија „А“ со 21 поен, 10 зад Јувентус, и тоа доведе до желбата да се замени популарниот Рино. …