Фудбалерите на Лестер допатуваа во Бангкок за погребот на газдата


Играчите на Лестер, под раководство на главниот тренер Клод Пуел, денеска присуствуваа на погребот на сопственикот на клубот Вишај Шриваданапрабхи во Бангкок.

Погребната церемонија започна во саботата и според будистичките обичаи трае три дена.

Тимот пристигна во Бангкок да се збогува со сопственикот на клубот по вчерашниот натпревар од 11-тиот круг на Премиер лигата против Кардиф (1:0).

Тајландскиот милијардер Вишај Шриваданапрабхи го загина на 27 октомври кога неговиот хеликоптер се урна во близина на стадионот на Лестер по домашен меч од десеттото коло со Вест Хем (1:1).