На Качанов не му се верува дека победил


Рускиот тенисер Карен Качанов им се заблагодари на навивачите за поддршка, откако во финалето на Мастерс турнирот во Париз го совлада Србинот Новак Ѓоковиќ со 2-0 (7:5 и 6:4). Дваесет и две годишниот Русин не верува во она што се случува.

„Здраво момци. Последнава седмица беше фантастично! Сè уште не верувам дека го освоив трофејот. Успеав да ги покажам моите најдобри квалитети. Би сакал да им се заблагодарам на сите навивачи за таква поддршка“, напиша Качанов на социјалните мрежи.

За 22-годишниот Русин, ова е четвртата титула во неговата кариера и прва на турнирот од серијата Мастерс 1.000.