Агуеро влезе во „клуб 150“


Серхио Агуеро стана третиот фудбалер во историјата на Премиер лигата кој успеал за еден клуб да постигне 150 голови.

Аргентинецот беше стрелец за Манчестер Сити на денешниот дуел со Саутемптон што беше 150-ти гол во дресот на „граѓаните“.

На вечната листа пред него се Вејн Руни кој додека играше за Манчестер Јунајтед стигна до 183 погодоци и Тиери Анри како фудбалер на Арсенал со 175 голови.

Во Англиското фудбалско првенство само девет фудбалери имаат постигнато 150 голови или повеќе голови, а меѓу нив од денеска е и Агуеро.