Сефте на Металург во Лигата на шампионите


Ракометарите на Металург ја забележаа првата победа во шестиот меч од Лигата на шампионите. Во салата „Борис Трајковски“ падна рускиот Чеховски Медведи. На крајот заврши со минимална победа на домаќинот од 25-24, но македонскиот вицешампион на полувреме водеше со убедливи 16-10.

Голманот Даниловски имаше 16 одбрани, Димитриоски постигна пет гола, а Токиќ, Серафимов и Шпенде по четири. Веќе во четврток во Скопје доаѓа Спортинг од Лисабон.