„ЦИЕС“: Нејмар повеќе не е најскапиот играч во светот


Добро познато е дека Бразилецот Нејмар стана најскапиот играч во светот со трансфер од 222 милиони евра од Барселона во Париз Сен Жермен.

Но цената на ѕвездата падна и тој веќе не е најскап играч на пазарот на трансфери. Според истражувањето на фудбалската опсерваторија „ЦИЕС“, тој бил сменет на врвот од неговиот колега во ПСЖ – Килијан Мбапе.

Се разбира, за да се разбере токму сегашната вредност на секој играч, тој мора да направи трансфер, но од „ЦИЕС“ тврдат дека користат реални критериуми.