Kачанов го среди Ѓоковиќ


Рускиот тенисер Карен Kачанов е сензационален победник на турнирот од Мастерс 1000 серијата што се играше во Париз. Русинот во денешното финале беше поуспешен од Новак Ѓоковиќ со 2-0, по сетови 7:5 и 6:4.

Во меч кој траеше нешто помалку од 100 минути, видлив беше заморот кај фаворитот Ѓоковиќ кој вчера одигра исцрпувачко тричасовно полуфинале со Роџер Федерер.

Младиот 22-годишен Русин покажа дека има голем потенцијал да напредува на АТП листата.

Тој стигна до својот четврти трофеј на АТП турнирите во исто толку финални мечеви.

Мастерсот во Париз се играше за награден фонд од 4,87 милиони евра.

И покрај поразот, прв во своето петто финале во Париз, Ѓоковиќ од утре ќе биде прв светски рекет, додека Kачанов ќе се искачи на 11 позиција на светската ранг листа.