Капело: Мурињо му помогна на Погба


Поранешниот тренер на Јувентус, Фабио Капело изјави дека Жозе Мурињо му „помогнал“ значително на Пол Погба при адаптацијата во Манчестер Јунајтед. Изјавата на Капело е малку изненадувачка, со оглед на тоа што за Специјалниот и францускиот репрезентативец се зборува дека биле во постојан конфликт во последниве неколку месеци.
– За Погба не беше лесно да се навикне на англискиот фудбал. Тој го искусил само во тинејџерските формации. Во моментов е доста повнесен во играта и од таа гледна точка, мислам дека притисокот од Мурињо му помогна, изјави Капело.
Манчестер Јунајтед гостува на Јувентус во натпревар од Лигата на Шампионите во среда, а стратегот го прокоментира и претстојниот судир во Торино.
– Во Манчестер Јунајтед можат да се потпрат на структурата на тимот, искуството и класата на нивните играчи, кои биле шампиони. Јунајтед заслужува ексклузивен респект и се уште е противник од кој треба да се плашиш, но на „Олд Трафорд“ Јувентус импресионираше. Дали Јуве е фаворит во Лигата на шампионите? Прерано е да се каже, рече уште Фабио Капело.