Ѓоковиќ преку Федерер до финалето во Париз


По нешто повеќе од три часа игра, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Роџер Федерер (Швајцарија) и се пласира во финалето на Мастерсот во Париз.

Ѓоковиќ вечерва до триумфот стигна по неизвесен меч каде противникот докажа дека и покрај возраста (38 години) се уште е во состојба да игра на врвно ниво.

Конечниот резултат е 2-1 во сетови. Првиот и третиот сет Ѓоковиќ ги доби на тај-брејк, додека Феререр во вториот беше поуспешен со 7:5.

Вкупниот биланс во меѓусебните средби е 25:22 за Србинот.

Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Париз утре во 15 часот за противник ќе го има Русинот Карен Хачанов.