Погба најверојатно нема да игра ниту против Партизан


Францускиот селектор Дидие Дешамп, откри дека Пол Погба поради обновена повреда на скочниот зглоб, нема да може да игра уште барем три недели. Ова е лоша вест за Манчестер јунајтед, а лоша вест и за сите љубители на фудбалот од балканските простори кои планираат на 24 октомври да отпатуваат во Белград за да го гледаат […]

Анчелоти е разочаран, најверојатно ќе си оди од Наполи во јуни


Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, сериозно размислува да го напушти клубот по завршувањето на сезонава, пишуваат одредени италијански медиуми. Причината за намерата на Анчелоти за заминување се послабите резултати од очекуваното и недоволниот развој на тимот. Искусниот стручњак сметал дека Наполи треба да се бори рамноправно со Јувентус и Интер за титулата во Серија А, […]

Надал се откажа од „Мастерсот“ во Шангај


Претендентот за број еден на крајот на годината, Рафаел Надал, пропушта важен турнир со кој би можел да заработи многу поени во борбата против Новак Ѓоковиќ за лидерската позиција на АТП листата. Шпанецот одби да учествува во „Мастерсот“ во Шангај, кој започнува следната недела. Победникот на Ролан Гарос и „Ју Ес Опен“ оваа година го […]

Прв турнир во С. Македонија под покровителство на Светската пинг-понг федерација (ИТТФ)


Скопје во периодот помеѓу 8 и 12 октомври во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на ИТТФ Светската јуниорска и кадетска серија од челенџ турнири во пинг-понг. По одржувањето на Балканското првенство во Скопје во текот на јуни годинава, со рекорден број држави учесници-12, пинг-понгарската федерација на Северна Македонија се подготвува за организацијата на првиот […]

Реал ги победи „фенерите“ на стартот на Евролигата


Реал Мадрид го совлада Фенербахче со 81-77 во судир меѓу два од фаворитите во првото коло од кошаркарската Евролига. Двете екипи ја посакуваат титулата од турнирот, откако минатата сезона загубија во полуфиналето. Реал Мадрид успеа да триумфира по подобрата игра во одбраната и неочекуваниот џокер во лицето на Џефри Тејлор, кој заврши со 19 поени […]

Маркез го заборавил пасошот на седиште во авион


Седумкратниот светски првак во мотоциклизам, Марк Маркез неодамна имал еден ненадеен проблем при патувањето од Барселона до Тајланд. Шпанецот најпрвин слетал во Доха, па од главниот град на Катар требало да лета кон крајната дестинација. Но, со себе немал пасош, па вработените на аеродромот во Доха не му дозволиле да се качи во авионот. Не […]

УЕФА можно е дека ќе ги казни Манчестер сити, Динамо Загреб и Олимпијакос


Дисциплинската и етичка комисија на УЕФА на 17 октомври ќе одлучува дали ќе им изрече казни на Манчестер сити и Динамо Загреб, клубовите чии навивачи за малку ќе се степаа за време на натпреврот помеѓу овие клубови од Лигата на шампионите во фудбал. Околу 2.000 хрватски навивачи беа на стадионот „Етихад“, а некои од нив […]

Братот на Инсиње го нападна Анчелоти


Антонио Инсиње, кој е брат на фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње, преку социјалните мрежи испрати порака кон тренерот Карло Анчелоти, со која изрази незадоволство за третманот на Анчелоти кон Лоренцо. Инсиње не играше на мечот против Генк од Лигата на шампионите, па брат му смета на Анчелоти му недостасувала храброст да признае дека погрешил. „Некој […]

Куртоа нема да брани против Гранада


Тибо Куртоа не тренира со тимот на Реал Мадрид, и ова со огромна веројатност значи дека голот на „кралскиот клуб“ на мечот со Гранада в сабота ќе го брани Алфонс Ареола. Куртоа кој е во немилост на навивачите поради лошата форма, беше повлечен од игра на полувремето на средбата со Бриж од Лигата на шампионите, […]

Ангеловски: Убеден сум дека дуелот со Словенија ќе биде наше најдобро издание


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски е убеден смета дека на претстојниот натпревар со Словенија од квалификациите за ЕУРО 2020, неговите избраници ќе се прикажат во најдобро светло. – Убеден сум дека дуелот со Словенија ќе биде нашето најдобро издание, затоа што за нас ова е многу важен натпревар, но истовремено и дуел во […]

Ангеловски: Против Словенија ќе го покажеме нашето најдобро издание


Селекторот Игор Ангеловски денеска го објави списокот за квалификациските натпревари против Словенија и Полска, мечеви кои се играат на 10. октомври во Скопје, односно 13. октомври во Варшава. Селекторот на македонската фудбалска репрезентација имаше големи проблеми при составувањето на овој список поради големиот број повреди и неизвесност околу настапот на некои играчи, но на крајот […]

Селекторот Ангеловски го објави списокот за мечевите со Словенија и Полска


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски денеска го објави списокот за престојните квалификациски мечеви за ЕУРО 2020 против Словенија (10. октомври) во Скопје и Полска (13. октомври) во Варшава. Ангеловски имаше доста маки при составувањето на списокот, но на крајот сепак не се одлучи да повика некое ново име, туку се потпира на веќе […]

(ФОТО)Како изгледа најновиот папамобил


Откако изминатите години на светските турнеи на папата Франциск папамобили `глумеа` „фиат 500Ел“, „дачиа логан“, „шкода рапид“ и „киа соул“, сега во улога на превозно средство на поглаварот на Римокатоличката црква се најде и еден „нисан3. За време на посетата на островот Маурициус во Индискиот Океан, папата Франциск користеше модификуван пикап „нисан ен-пе 300“ со […]

Во недела „Скопје трча 10 километри“


Во организација на Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски клуб Работнички, в недела на 6 октомври низ улиците на македонската метропола ќе се одржи третото издание од маратонот „Skopje Run 10K“. По тој повод, денес во Агенцијата за млади и спорт (АМС) се одржа прес-конференција на која беше соопштено дека се е […]

Четворицата првопласирани на АТП листата го потврдија своето учество на турнирот во Шангај


Кина – Првите четворица тенисери на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер и Даниел Медведев ќе играат на претстојниот силен турнир во кинески Шангај. Мастерсот 1.000 во Шангај ќе трае од 5 до 13 октомври. Бранител на трофејот на овој турнир е во моментов првиот светски рекет Ѓоковиќ.

Аеродромци сакаат титули дома, но и влез во елитата на Јадранот


МЗТ Скопје против Слобода од Тузла ја отвора сезоната во кошаркарската АБА2 лига. Откако лани несреќно загубија од Задар и не успеаја да се пласираат во најелитното клупско регионално натпреварување, аеродромци ќе се обидат годинава да ја освојат второлигашката конкуренција. Сепак, тоа е полесно да се каже отколку да се направи. Свесни се за тоа […]

Ливерпул казнет со двесте илјади фунти


Ливерпул е парично казнет со 200.000 фунти поради тоа што на мечот од Карабао купот против МК Донс, на терен се појавил и фудбалер кој немал право да игра. Станува збор за 22-годишниот Шпанец Педро Чиривелја, кој не смеел да настапи, а тренерот Јирген Клоп го стави во игра. Чиривелја влезе на теренот во второто […]

Барселона со пресврт до триумф над Интер


Барселона го совлада Интер во дербито на вечерта во 2.коло од Лигата на шампионите и направи значаен исчекор кон пласман во следната фаза. Каталонците до трите бода дојдоа со пресврт во второто полувреме со головите на Луис Суарез. Интер по првиот дел водеше, но не издржа и на крајот со празни раце се враќа во […]

(ВИДЕО) Барселона со пресврт го совлада Интер, Ливерпул во голеадата подобар од Салцбург


Со вечерашните натпревари од Лигата на шампионите комплетирано е второто коло од Лигата на шампионите. Дербито на вечерта се одигра на „Камп Ноу“ каде Барселона го пречека Интер и на крајот се радуваше на победа од 2:1. Гостите од Италија беа подобриот противник во првото полувреме, а веќе во 3. минута од натпреварот дојдоа до […]

(ВИДЕО) Елмас и Наполи ремизираа со Генк, Борусија ја совлада Славија во Прага


Во првите натпревари од вториот натпреварувачки ден во второто коло од Лигата на шампионите Наполи ремизираше на гостувањето кај Генк, додека Борусија Дортмунд славеше со 2:0 во Прага против Славија. Елиф Елмас беше стартер за екипата на Наполи, но нашиот репрезентативец не успеа да му помогне на својот тим да дојде до победата во натпреварот […]