Прв турнир во С. Македонија под покровителство на Светската пинг-понг федерација (ИТТФ)


Скопје во периодот помеѓу 8 и 12 октомври во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на ИТТФ Светската јуниорска и кадетска серија од челенџ турнири во пинг-понг.

По одржувањето на Балканското првенство во Скопје во текот на јуни годинава, со рекорден број држави учесници-12, пинг-понгарската федерација на Северна Македонија се подготвува за организацијата на првиот турнир под покровителство на ИИТФ, отвореното првенство за јуниори и кадети.

Над 100 учесници и 50 официјални лица од повеќе од 20 земји од светот (Шведска, Индија, Норвешка, Шпанија, Италија, Словачка, Чешка, Хрватска, Перу, Србија, Бугарија итн) се очекуваат да пристигнат во Скопје и да се борат за титулите на овој тунрир како и за паричниот и непаричниот фонд на награди (4.000 долари и четири врвни телефонски апарати), обезбедени од организаторите и спонзорите на турнирот.

Доаѓањето на високи официјални лица од Светската и Европската пинг-понг федерација во време на турнирот, претседателот Томас Вајкарт (ИТТФ) и Претседателот Роналд Крамер (ЕТТУ) како останати официјални лица и професионалци треба да обезбеди дополнителен мотив за развојот на пинг-понгот во државата.

Од нашата земја ќе учествуваат вкупно 21 млади пингпонгари, а додека траат подготовките за овој турнир, нашите млади репрезентативци се присутни на неколку турнири од оваа светска серија кои се организираат во Словенија, Хрватска и Србија.