Куртоа нема да брани против Гранада


Тибо Куртоа не тренира со тимот на Реал Мадрид, и ова со огромна веројатност значи дека голот на „кралскиот клуб“ на мечот со Гранада в сабота ќе го брани Алфонс Ареола.

Куртоа кој е во немилост на навивачите поради лошата форма, беше повлечен од игра на полувремето на средбата со Бриж од Лигата на шампионите, поради   здравствени проблеми поврзани со стомакот.

Ако се потврди дека Белгиецот нема да биде во составот за дуелот против Гранада, тогаш замен на Ареола ќе му биде Диего Алтубе, а наредниот настап на Куртоа на „Сантијаго Бернабеу“ може да биде најрано на 30 октомври кога Реал ќе го пречека Леганес. После мечот со Гранада, има пауза во првенствата поради квалификациите за ЕП, а Реал ќе им гостува на Мајорка, Барселона и Галатасарај.