Хорор за Лука Јовиќ – не е викнат во српската репрезентација


 Лука Јовиќ нема да игра за репрезентацијата на Србија на квалификацискиот меч со Литванија, и пријателската средба со Парагвај. Јовиќ кој летоска од Ајнтрахт прејде во Реал Мадрид, се мачи во новата средина, уште нема дадено гол, а играше на шест меча, и не е во потребната форма, па селекторот Љубиша Тумбаковиќ, реши да не […]

Го платија 120 милиони евра, а нема место ниту на клупата


Антоан Гризман за првпат не влезе во игра на еден официјален меч на Барселона, дербито со Севилја го проследи седнат на клупата за резерви, или поточно, на мини-фрижидер до клупата. Барса славеше со 4:0, а на Гризман пријатно му беше да гледа како тимот победува, но не му беше пријатно што тој не учествуваше во […]

Италијанците, по 65 години, повторно ќе играат во зелени дресови


На претстојниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2020 година меѓу фудбалските селекции на Италија и Грција, на 12 октомври, домашните ќе настапат во некарактеристични зелени дресови.  Иако зелената боја ја има и тоа како прва во знамето на Италија, сепак, спортските репрезентации на оваа земја се познати под прекарот „аѕури“, затоа што носат опрема […]

Далиќ: Модриќ за репрезентацијата на дуелот со Унгарија ќе дојде и пешки


Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ, пред дуелот со Унгарија в четврток на „Пољуд“ во Сплит, рече дека смета на капитенот Лука Модриќ кој, иако не е 100 проценти подготвен за 90 минути, викендов даде прекрасен гол за Реал Мадрид. – Разговарав со Лука пред некој ден. Зидан му најавил дека на почетокот […]

Една добра и една лоша вест за „црвените“ во врска со Салах


Повредата на Мохамед Салах не е тешка, но неизвесно е дали ќе може да игра на 20 октомври кога Ливерпул има дерби со Манчестер јунајтед. Египќанецот не можеше да го доигра натпреварот со Лестер, го свитка глуждот на ногата, а лекарските прегледи покажаа дека повредата не е многу тешка. Салах сигурно нема да настапи на […]

Ангеловски: Не се жалам за отсуствата, знам дека можеме да ја победиме Словенија


Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започнува подготовките за натпреварот против Словенија во рамките на квалификациите за ЕП 2020, кој се игра на 10. октомври од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. На брифингот со медиумите, селекторот на националниот тим, Игор Ангеловски истакна дека верува во фудбалерите кои ги има на располагање и […]

Вардар пушти во продажба дополнителен број билети за дуелот со Кил


Поради големиот интерес за натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на Кил од денеска се пуштени во продажба дополнителен контингент на билети. – Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” ќе бидат пуштени во продажба ДОПОЛНИТЕЛНИ билети. Истите се за секторот „СТОЕЊЕ“. Цената на билетите е 150 денари, соопшти […]

Солскјер: Како да излеземе од кризата? Прашање од милион долари


Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, нема одговор како да го врати тимот на победнички патеки. Јунајтед вчера загуби од Њукасл во 8. коло од Премиер лигата (0:1). – Се разбира, ние сме вознемирени. Недостасуваат неколку клучни играчи, но ова не е изговор. Фудбалерите работат напорно, но сега сме во необична позиција. Некои момци […]

Меси е првиот играч во 21 век кој постигнал гол 16 сезони по ред


Шпанија – Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси постигна гол против Севиља, синоќа во натпревар од 8. коло од Шпанското фудбалско првенство (4:0). Аргентинецот го пропушти почетокот на сезоната поради повреда, а овој гол беше негов прв од мај. Меси стана првиот фудбалер во 21 век кој има реализација 16 последователни сезони во Ла Лига, почнувајќи од […]

Продолжува агонијата на Манчестер јунајтед


Манчестер јунајтед вечерва загуби од Њукасл со 1:0 во натпревар од 8. коло од Премиер лигата на гостински терен и падна на 12.позиција на табелата во Премиер лигата. Стрелец на победничкиот погодок за домаќините беше Метју Лонштаф во 72. минута. За Јунајтед ова беше трет пораз, додека Њукасл ја забележа само вторатата победа. Со новите […]

Барди отпадна, Младеновски и Стоилов дополнително повикани во македонската репрезентација


Енис Барди поради повреда не е во можност да биде дел од македонската фудбалска репрезентација за претстојните натпреварите од квалификациите за ЕУРО 2020. Селекторот Игор Ангеловски дополнително ги повика Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев и Марио Младеновски од Вардар. Двајцата ќе се бидат дел од првиот собир на репрезентацијата закажан за утре. Македонската репрезентација најпрво […]

Манџукиќ е трансфер цел број 1 на Јунајтед


Англија – Манчестер Јунајтед ќе се обиде по секоја цена да го привлече напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ. Според „Дејли мејл“, Хрватот е главната цел на „црвените ѓаволи“ за време на јануарскиот преоден рок. Оле Гунар Солскјер сака да ја зголеми конкуренцијата во нападот и во лицето на Манџукиќ гледа совршено решение. Поранешниот напаѓач на Атлетико […]

Ѓоковиќ шампион во Токио без загубен сет


Јапонија – Новак Ѓоковиќ ја заврши својата совршена недела во Токио со трофеј во рацете и без загубен сет. Во финалето се виде разликата во класите помеѓу Ноле и Џон Милман, а дуелот заврши за нешто повеќе од еден час – 6-3 6-2. Ова е четврта титула за тенисерот од Србија кој ги освои и „Австралија […]

Циципас избори финале во Пекинг


Кина– Гркот Стефанос Циципас ќе игра во финалето на турнирот во Пекинг, Кина. Во полуфиналето тој го совлада Германецот Александар Зверев со 2-0, по сетови 7:6 (8:6) и 6:4. Мечот траеше еден час и 52 минути. Во финалето, Циципас ќе се сретне со Доминик Тим од Австрија. Дуелот за трофеј е закажан за денес од 13:30 […]

Македонската женска фудбалска репрезентација поразена од Србија


Женската македонска фудбалска репрезентација загуби од Србија во натпревар од Г-групата од квалификациите за Европското првенство 2021 година. Гостинската репрезентација денес на тренинг центарот „Петар Милошевски” славеше со убедливи 6:0. Македонија одигра под своето ниво, далеку послабо отколку во дуелот против Казахстан, а силната Србија целосно го искористи тоа. Головите беа дело на Благојевиќ, која […]

Баерн загуби од Хофенхајм, но остана на врвот во Бундеслигата


Германија – Баерн загуби од Хофенхајм во дуелот од 7. коло од Германскиот фудбалски шампионат со 2:1. Двоен стрелец за гостите беше Саркис Адамјан, додека за Баерн реализира Роберт Левандовски. Баерн и покрај поразот, остана на првото место со 14 бода и најдобра гол-разлика од групата н ачетири екипи со ист број бодови. Хофенхајм се искачи […]

Осака и Барти финалистки во Пекинг


Јапонија – Јапонката Наоми Осака и тенисерката од Австралија Ешли Барти ќе се соочат во финалето на ВТА турнирот во Пекинг. Осака попладнево ја совладаа Каролина Возниачки во два сета, додека Барти во три сета беше поуспешна од Бертенс во првото полуфинале. Резултаи: Наоми Осака (Јапонија) – Каролине Возниацки (Данска) 2-0, по сетови 6:4 и 6:2. […]

ФИА го одобри календарот во Формула 1 за 2020 година со рекорден број трки


Англија – Раководството на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) го одобри календарот на шампионатот во Формула 1 за 2020 година. Следната сезона ќе се одржат рекордни 22 трки, а исто така ФИА го потврди и намалувањето на предсезонските тестови. Првенството започнува на 15 март со Гран-при на Австралија, а завршува на 29 ноември со Гран-при Абу Даби. […]

Мухамад постави светски рекорд на 400 метри со пречки


Американката Далила Мухамад вечерва на Светското првенство во Доха постави нов светски рекорд на 400 метри со пречки. Мухамад победи во финалето на 400 метри со пречки на СП во Доха и истрча време од 52 секунди и 16 стотинки. Таа пред два месеца веќе го урна стариот рекорд, а сега уште повеќе го подобри […]

Роденденска победа на Работнички над Ренова од 1:0


Работнички својата 82-годишнина од постоењето на клубот, го прослави со победа од 1:0 над Ренова, во премиерниот натпревар од 9. коло во Првата фудбалска лига. За Работнички, ова е трета победа сезонава. Голот падна во 58-ма минута, кога Мишковски од Ренова си даде автогол. „Романтичарите“ можеа да победат и поубедливо, но во 81-ва минута Марковиќ […]