Меси е првиот играч во 21 век кој постигнал гол 16 сезони по ред


Шпанија – Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси постигна гол против Севиља, синоќа во натпревар од 8. коло од Шпанското фудбалско првенство (4:0). Аргентинецот го пропушти почетокот на сезоната поради повреда, а овој гол беше негов прв од мај.

Меси стана првиот фудбалер во 21 век кој има реализација 16 последователни сезони во Ла Лига, почнувајќи од сезоната 2004/05.

Вкупно, напаѓачот на Барселона има рекордни 420 голови во шампионатот на Шпанија.