Вардар пушти во продажба дополнителен број билети за дуелот со Кил


Поради големиот интерес за натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на Кил од денеска се пуштени во продажба дополнителен контингент на билети.

– Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” ќе бидат пуштени во продажба ДОПОЛНИТЕЛНИ билети. Истите се за секторот „СТОЕЊЕ“.

Цената на билетите е 150 денари, соопшти РК Вардар.

Натпреварот меѓу Вардар и Кил е закажан за в сабота (12 октомври со почеток во 17:30 часот) во СЦ „Јане Сандански” во Скопје.