Роденденска победа на Работнички над Ренова од 1:0


Работнички својата 82-годишнина од постоењето на клубот, го прослави со победа од 1:0 над Ренова, во премиерниот натпревар од 9. коло во Првата фудбалска лига.

За Работнички, ова е трета победа сезонава. Голот падна во 58-ма минута, кога Мишковски од Ренова си даде автогол. „Романтичарите“ можеа да победат и поубедливо, но во 81-ва минута Марковиќ утна пенал. Со новите три бода, Работнички е на седмо место на табелата со 10 бода. Ренова со победа ќе беше втора, а вака остана четврта.

Утре играат Академија Пандев – Силекс, Шкендија – Вардар, Македонија Ѓорче Петров – Шкупи и Борец 1919 – Струга Трим Лум.