Четворицата првопласирани на АТП листата го потврдија своето учество на турнирот во Шангај


Кина – Првите четворица тенисери на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер и Даниел Медведев ќе играат на претстојниот силен турнир во кинески Шангај.

Мастерсот 1.000 во Шангај ќе трае од 5 до 13 октомври.

Бранител на трофејот на овој турнир е во моментов првиот светски рекет Ѓоковиќ.