Братот на Инсиње го нападна Анчелоти


Антонио Инсиње, кој е брат на фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње, преку социјалните мрежи испрати порака кон тренерот Карло Анчелоти, со која изрази незадоволство за третманот на Анчелоти кон Лоренцо.

Инсиње не играше на мечот против Генк од Лигата на шампионите, па брат му смета на Анчелоти му недостасувала храброст да признае дека погрешил.

„Некој нема храброст да ја каже вистината. Еден гол или асистенција на секои 63 минути. Тоа е просекот на брат ми. Изгледа навистина не е во форма“ – објави Антонио.

Следниот меч на Наполи е в недела против Торино.