Ливерпул казнет со двесте илјади фунти


Ливерпул е парично казнет со 200.000 фунти поради тоа што на мечот од Карабао купот против МК Донс, на терен се појавил и фудбалер кој немал право да игра.

Станува збор за 22-годишниот Шпанец Педро Чиривелја, кој не смеел да настапи, а тренерот Јирген Клоп го стави во игра. Чиривелја влезе на теренот во второто полувреме на таа средба која „црвените“ ја добија со 2:0. Проблемот е што немал исписница од претходниот клуб Екстремадура каде настапуваше како позајмен.

Сепак, тоа што мина само со парична казна е добра вест за европскиот првак, бидејќи можеше да се донесе одлука и за елиминација и службен пораз.

Вака, Ливерпул во четвртата рунда од Карабао купот ќе се сретне со Арсенал на 29 октомври.