Маркез го заборавил пасошот на седиште во авион


Седумкратниот светски првак во мотоциклизам, Марк Маркез неодамна имал еден ненадеен проблем при патувањето од Барселона до Тајланд.

Шпанецот најпрвин слетал во Доха, па од главниот град на Катар требало да лета кон крајната дестинација. Но, со себе немал пасош, па вработените на аеродромот во Доха не му дозволиле да се качи во авионот. Не му помогнало ниту тоа што им кажал дека е познат спортист и светски шампион.

На крај, му дозволиле да се врати во авионот со кој допатувал во Доха и да го побара пасошот на седиштето на кое што седел. За негова среќа, патната исправа била таму, па Маркез, сепак, го продолжил патувањето.