Анчелоти е разочаран, најверојатно ќе си оди од Наполи во јуни


Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, сериозно размислува да го напушти клубот по завршувањето на сезонава, пишуваат одредени италијански медиуми.

Причината за намерата на Анчелоти за заминување се послабите резултати од очекуваното и недоволниот развој на тимот. Искусниот стручњак сметал дека Наполи треба да се бори рамноправно со Јувентус и Интер за титулата во Серија А, но после неколку кикса, „скудетото“ почнува да им се оддалечува уште во оваа рана фаза од сезоната.

Наполи после шест кола, има шест бода помалку од лидерот Интер. Дополнителни маки на Карло му донесе и нерешениот резултат на гостувањето кај Генк во ЛШ, што се смета за неуспех, бидејќи во првото коло блескаа и го совладаа силниот Ливерпул. Договорот на Анчелоти со наполитанците е до 2021 година, но може да биде раскинат и едно лето порано.