(ФОТО)Како изгледа најновиот папамобил


Откако изминатите години на светските турнеи на папата Франциск папамобили `глумеа` „фиат 500Ел“, „дачиа логан“, „шкода рапид“ и „киа соул“, сега во улога на превозно средство на поглаварот на Римокатоличката црква се најде и еден „нисан3.

За време на посетата на островот Маурициус во Индискиот Океан, папата Франциск користеше модификуван пикап „нисан ен-пе 300“ со отворена платформа.

Автомобилот за потребите на папата при средбите со островјаните го преуреди фирмата „А-бе-це коучворкс“, така што задниот дел на пикапот е надограден со специјална конструкција во кој е сместена папската фотелја.

Назад беа инсталирани и скали за да се качи папата на платформата. Инаку фирмата е позната по модификување на автомобили за полицијата, пожарникарите и итната помош, како и по изработка на автомобилски каросерии.

Папата Франциск е познат како скромен па често критикуваше дека се католичките великодостојници користат луксузни превозни средства. Тој пак, користи поевтини модели.