УЕФА забрани европски фудбал во Белорусија


Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) соопшти денеска дека репрезентациите на Белорусија и белоруските екипи ќе ги играат своите домашни дуели во рамки на европските натпреварувања на неутрален терен. – Извршниот комитет на УЕФА одлучи дека белоруските клубови и репрезентации, кои учествуваат во нашите натпреварувања, ќе имаат обврска своите домашни натпревари да ги играат на неутрален терен, …

УЕФА забрани европски фудбал во Белорусија Read More »

Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на Ролан Гарос


Самонаметнатиот егзил на Новак Ѓоковиќ од тениската турнеја се чини дека е при крај, судејќи според веста дека француската влада ќе се откаже од барањето за вакцинални пасоши на 14 март. Ова ќе му го отвори патот на Ѓоковиќ да игра на следниот грен слем турнир – Отвореното првенство на Франција – што треба да …

Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на Ролан Гарос Read More »

Русија остана без трки во Формула 1


Формула 1 веќе нема да организира трки на руска територија, откако раководството на натпреварувањето денеска официјално објави дека е раскинат договорот со организаторот на Големата награда (ГН) на Русија. Одржувањето на годинaшното издание на трката, планирано за септември во Сочи, веќе беше откажано минатата недела, по почетокот на руската инвазија на Украина. – Формула 1 …

Русија остана без трки во Формула 1 Read More »

Нов македонски рекорд во скок во далечина


Викендов на отвореното првенство во Скиве, Данска, македонскиот атлетичар Андреас Трајковски постави нов национален рекорд во скок во далечина во сала, со резултат од 7 метри и 65 сантиметри, што е за 32 сантиметри подобар од претходниот рекорд, кој членот на АК „Работнички“ го постави во Малме, Шведска пред две недели. Покрај во скок во …

Нов македонски рекорд во скок во далечина Read More »

На руските и белоруските спортисти им е забранет настапот на Параолимписките игри


  Меѓународниот параолимписки комитет објави дека руските и белоруските спортисти нема да смеат да се натпреваруваат на претстојниот натпревар за извонредност во спортот меѓу лицата со посебни потреби. Во изјавата, претседателот на ИПЦ, Ендрју Парсонс, се чини дека го обвинува политичкиот притисок за одлуката. „Во ИПЦ многу цврсто веруваме дека спортот и политиката не треба …

На руските и белоруските спортисти им е забранет настапот на Параолимписките игри Read More »

Дурант ќе се врати на теренот против Мајами


 Ѕвездата на Бруклин, Кевин Дурант ќе се врати од повредата на гостувањето кај Мајами. Натпреварот е закажан за 1.30 часот по полноќ. Дурант ги повреди лигаментите на коленото во средината на јануари и оттогаш е надвор од терените. Кошаркарот оваа сезона има просек од 29,3 поени, 7,4 скока и 5,8 асистенции по натпревар. За време …

Дурант ќе се врати на теренот против Мајами Read More »

Швајцарски тајкун го купува Челси


Швајцарскиот бизнисмен Хансјоерг Вис разгледува понуда да го купи англискиот фудбалски клуб Челси од рускиот милијардер Роман Абрамович. – Абрамович сега се обидува да ги продаде своите вили во Англија. Исто така, сака брзо да се „ослободи“ од Челси. Јас, заедно со уште тројца луѓе, во вторникот добив понуда да го купам Челси од Абрамович, …

Швајцарски тајкун го купува Челси Read More »

Ѓоковиќ се раздели со тренерот Маријан Вајда по 15 години и 20 Грен слем титули


Шпанија– Новак Ѓоковиќ и тренерот Маријан Вајда повеќе не соработуваат, се разделија по 15 години и 20 Грен слем титули. Во изјавата што се појави на веб-страницата на Ѓоковиќ во вторникот се вели дека двајцата  „се договориле да го прекинат своето партнерство“ по минатогодишното финале на АТП на сезоната. „Маријан беше покрај мене во најважните …

Ѓоковиќ се раздели со тренерот Маријан Вајда по 15 години и 20 Грен слем титули Read More »

Ѓоковиќ останува без важен спонзор – се повлекува „Пежо“


  Производителот на автомобили „Пежо“ повеќе нема да биде спонзор на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Процесот за раскинување на спонзорскиот договор сѐ уште не е завршен, но ќе биде наскоро. Први оваа вест ја пренесоа англиските медиуми, а потоа информацијата за „Ел Еспањол“ ја потврди и генералниот директор Карло Таварес. „Тоа е вистина. Нема да …

Ѓоковиќ останува без важен спонзор – се повлекува „Пежо“ Read More »

Горан Пандев избран за делегат во Собранието на ФФМ од ОФС Струмица


Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев е избран за делегат во Собранието на ФФМ на синоќешното собрание на ОФС Струмица. Тој беше предложен од ФК „Академија Пандев“, чиј сопственик е, а на собранието учествуваше преку видео врска. Освен Пандев за делегати во Собранието на ФФМ се избрани и актуелниот пртетседател на ОФС Струмица, …

Горан Пандев избран за делегат во Собранието на ФФМ од ОФС Струмица Read More »

Младите на Балканот обединети со фудбал


Спортски организации и клубови од Република Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, креираа широко Балканско партнерство за поттикнување социјална кохезија и добросотојба на младите преку фудбал во рамки на проектот „Играј и вклучи се”( Play2include). Проектот се имплементира со поддршка на ФИФА фондација (FIFA Foundation), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Француската развојна …

Младите на Балканот обединети со фудбал Read More »

ФИФА и УЕФА ја исфрлија Русија од сите натпреварувања


Светската и Европската фудбалска федерација, ФИФА и УЕФА, ги суспендираа сите руски екипи и репрезентации од нивните натпреварувања. Оваа одлука ја донесоа највисоките тела на двете федерации, Советот на ФИФА и Извршниот комитет на УЕФА. „По првичните одлуки кои ги усвојува Советот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) и Извршниот комитет на Европската фудбалска федерација (УЕФА), …

ФИФА и УЕФА ја исфрлија Русија од сите натпреварувања Read More »

Руските екипи исклучени од Евролигата и Еврокупот


 Раководството на кошаркарската Евролига ги суспендираше руските клубови од учество на турнири под покровителство на организацијата. Во соопштението на Евролига се вели и дека во случај на „неповолен развој на ситуацијата“, резултатите од сите натпревари во кои учествуваат руски тимови ќе бидат поништени. Така од учество во Евролигата се исклучени ЦСКА Москва, Зенит од Санкт …

Руските екипи исклучени од Евролигата и Еврокупот Read More »

Буфон го продолжи договорот со Парма до 2024 година


Голманот Џанлуиџи Буфон го продолжи договорот со Парма, соопшти прес-службата на италијанскиот клуб. Новиот договор е со важност до 2024 година. Четириесет и четиригодишниот Буфон потпиша со Парма минатото лето. Претходниот договор беше со важност до 2023 година. Оваа сезона голманот одигра 23 натпревари во Серија Б, на кои прими 23 гола. Буфон веќе играше за …

Буфон го продолжи договорот со Парма до 2024 година Read More »

Албанија одби да игра против Русија во Лигата на нации


Албанската министерка за надворешни работи Олта Џаџка изјави дека фудбалската репрезентацијата одбива да игра против рускиот тим во Лигата на нации на УЕФА. Ова го пренесува „РИА Новости“ повикувајќи се на Асошиетед прес. – Албанија нема да се натпреварува на спортски натпревари со учество на Руси, рече Џаџка. Противници на Русија во групата 2 во …

Албанија одби да игра против Русија во Лигата на нации Read More »

По 361 недела Ѓоковиќ симнат од врвот на АТП ранг-листата, нов лидер Медведев


Англија- Рускиот тенисер Данил Медведев е нов лидер на светската ранг-листа. Здружението на тениски професионалци (АТП) денес го објави најновиот поредок на најдобрите на кој по рекордни 361 недела првото место го загуби Србинот Новак Ѓоковиќ. Новиот прв светски рекет има 8.615 бодови, додека Ѓоковиќ 8.465 бода. Во ТОП 10 тенисери на светот уште се: …

По 361 недела Ѓоковиќ симнат од врвот на АТП ранг-листата, нов лидер Медведев Read More »

Македонските кошаркари по втор пат поразени од Грузија


Македонската кошаркарска репрезентација вечерва загуби од Грузија со 79:65 во квалификациите за Светското првенство 2023. За „црвено-жолтите“ ова беше четврти пораз во исто толку натпревари и втор од Грузија во три дена, по кој остануваат само теоретски шанси да се помине групата во која Грузија има три победи и еден пораз, Шпанија максимални три победи, …

Македонските кошаркари по втор пат поразени од Грузија Read More »

Откажан мечот Мешков – Вардар од ракометната Лига на шампиони


Натпреварот од 13 коло од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите меѓу Мешков Брест и Вардар планиран за 2 март 2022 година нема да се одигра. Вардар1961 требаше во вторник да патува за Брест, Белорусија на средба од ЛШ, но истиот нема да се одигра. Европската ракометна федерација ги извести клубовите дека „ сегашната …

Откажан мечот Мешков – Вардар од ракометната Лига на шампиони Read More »

Ливерпул го победи Челси на пенали и го освои англискиот Лига куп


Ливерпул го освои англискиот Лига куп победувајќи го вечерва на „Вембли“ во Лондон тимот на Челси на пенали со 11:10. Основните 90 и дополнителните 30 минути завршија без голови, 0:0. Три гола на оваа средба не беа признати поради офсајд. Во вториот дел беше поништен гол на дефанзивецот на „црвените“, Џоел Матип, а головите на …

Ливерпул го победи Челси на пенали и го освои англискиот Лига куп Read More »

Полска, Чешка и Шведска сакаат Русија да биде исклучена од плејофот за СП 2022


Полското Министерство за спорт сака да го откаже квалификацискиот натпревар со Русија за Светското фудбалско првенство 2022 година. Според „Przegląd Sportowy“, полскиот министер за спорт Камил Бортничук ќе се сретне со претседателот на ФИФА Џани Инфантино во Цирих во вторник или среда. Бортничук сака да го убеди Инфантино да го откаже баражот за пласман на …

Полска, Чешка и Шведска сакаат Русија да биде исклучена од плејофот за СП 2022 Read More »