Младите на Балканот обединети со фудбал


Спортски организации и клубови од Република Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, креираа широко Балканско партнерство за поттикнување социјална кохезија и добросотојба на младите преку фудбал во рамки на проектот „Играј и вклучи се”( Play2include).
Проектот се имплементира со поддршка на ФИФА фондација (FIFA Foundation), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Француската развојна агенција (AFD).
 
Соработката се темели врз програмата „Спорт за развој“ која става фокус на развој на вештини кај младите луѓе преку фудбал, а најголем акцент ќе се стави на: тимска работа, соработка, солидарност, емпатија, со особено внимание на подобрување на металното здравје и психофизичката состојба на младите.
 
Проектот е под раководство на организацијата ТАКТ од Скопје, а партнери се фудбалски клуб „Пелистер” од Битола, женски фудбалски клуб „Џиџи” од Скопје, фудбалски клуб „Графичар” од Белград, организацијата „Респект” од Босна и организацијата „Фудбал за сите” од Скопје.
 
Претседателеката на ТАКТ и менаџер на прокетот, Магдалена Спасовска, истакна дека прв пат во регионот фудбалот ќе ги обедини сите за една поголема цел, а тоа се младите и нивната добросостојба и регионална поврзаност.
 
-Оваа регионална соработка ќе ни овозможи да ја прошириме мрежата за спорт за развој во фудбалските организации и клубови. Се надевам дека ќе поттикнеме еден нов и иновативен пристап во спортот во регионот, а истовремено ќе овозможиме и зголемување на групата на тренери спорт за развој, поткрепување на фудбалските клубови со нови програми кои ќе го подобрат нивниот перформанс, но секако и да креираме нови можности за младите од Балканот да се дружат, спортуваат и забавуваат, изјави Спасовска.
 
Проектот предвидува серија активности: обука на тренери со програмата спорт за развој кои во своите локални заедници ќе ја применат програмата и ќе вклучат што е можно повеќе млади. Исто така предвидени се национални настани и фудбалски натпревари со акцент на вклучување на сите млади без разлика на нивото етничко потекло или социјален статус. Во јуни ќе се одржи и првиот регионален летен камп за млади фудбалери и фудбалерки кадешто младите од регионот ќе имаат можност да научат нови вештини, а пред сѐ да играат фудбал. Проектот става акцент поголемо учество на девојките во фудбал.
Програмата ќе опфати повеќе градови низ земјава: Крива Паланка, Битола, Скопје, Гостивар, Куманово.
Програмата спорт за развој започна во Крива Паланка пред четири години и активно се шири во повеќе општини во земајта.