Ливерпул го победи Челси на пенали и го освои англискиот Лига куп


Ливерпул го освои англискиот Лига куп победувајќи го вечерва на „Вембли“ во Лондон тимот на Челси на пенали со 11:10.

Основните 90 и дополнителните 30 минути завршија без голови, 0:0. Три гола на оваа средба не беа признати поради офсајд. Во вториот дел беше поништен гол на дефанзивецот на „црвените“, Џоел Матип, а головите на напаѓачот на „сините“ Ромелу Лукаку и играчот од средниот ред Каи Хаверц беа поништени во судиското продолжение.

Кепа Аризабалага го замени голманот Едуард Менди во пенал рулетот за Челси. Токму тој не успеа да го реализира 11-от пенал за Челси.

За Ливерпул ова е деветти англиски Лига куп, што е апсолутен рекорд.