Флик ќе ја предводи Германија на ЕУРО2024 


Германија – Ханси Флик останува на должноста селектор на фудбалската репрезентација на Германија, иако четирикратниот светски првак својот настап на Мундијалот во Катар го заврши веќе во групната фаза и со тоа го повтори неуспешниот настап од Русија 2018. Од Фудбалската федерација на Германија (ДФБ)  прецизираа дека Флик ќе седи на селекторската клупа и за време […]

МОК сака враќање на руските и белоруските спортисти на меѓународните натпреварувања


  Меѓународниот олимписки комитет (МОК) денеска, додека санкциите кон Русија и Белорусија и натаму се на сила, најави дека сака повторно вклучување на спортистите од овие две земји во меѓународните натпреварувања, вклучувајќи и настап на олимписките игри 2024 во Париз. Претседателот на МОК, Томас Бах, денеска на прес-конференција во Лозана рече дека на таа тема […]

АТП: Британската федерација казнета со еден милион долари


 Здружението на тениски професионалци (АТП) изрече казна во износ од еден милион долари на Тениската федерација на Велика Британија (ЛТА) поради забраната за настап на руски и белоруски играчи на годинешниот Вимблдон и други АТП турнири одржани оваа година на британска територија. Забраната на ЛТА беше образложена ро руската инвазија врз Украина која почна во […]

СП2022: Инфантино – Фудбалот стана уште поглобален


ОАЕ – Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави денеска дека натпреварите во групната фаза на Мундијалот во Катар се најдобри во историјата на светските првенства поради големиот број изненадувања, како и географската распространетост на репрезентациите кои се пласираа во осминафиналето. „Резултатите од првиот круг на натпреварувањето покажуваат дека фудбалот станува уште поглобален спорт за што сведочат поразите на светските прваци […]

Надал и Алкараз еден против друг на егзибициски турнир во Лас Вегас


САД – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги сподели своите очекувања за ревијалниот турнир во Лас Вегас на кој ќе игра со сонародникот Карлос Алкараз. – Многу сум среќен поради мојата прва посета на Лас Вегас, еден од најживописните градови во светот. Ќе играм со сонародникот Карлос Алкараз, кој имаше неверојатна година. Ќе биде одлична тениска вечер, […]

Осминафиналето на СП 2022 најефикасно во историјата на Мундијалите


ОАЕ – На осум натпревари од осминафиналната фаза на Светското првенствои 2022 во Катар беа постигнати 28 голови. Ова е рекорд во оваа фаза во историјата на фудбалските Мундијали откако беше воведен во 1986 година. Најефикасен натпревар во 1/8 финалето на СП 2022 беше синоќешниот меѓу Португалија и Швајцарија (6:1), на кој беа постигнати седум гола. […]

СП2022: Португалија убедлива против Швајцарија, завери четвртфинале против Мароко


  Во последниот осминафинален натпревар на Светското првенство во фудбал Португалија вечерва во Лусаил убедливо ја совлада Швајцарија со 6-1 (2-0), предводена од тројниот стрелец Гонсало Рамос. Португалија, во чиј почетен состав немаше место за Кристијано Роналдо, поведе преку Рамос во 17 минута, а до крајот на полувремето Пепе во 33 минута зголеми на 2-0. […]

СП2022: Ван Гал – Не сум импресиониран од Бразилците


  Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луј ван Гал, изјави денеска оти не го импресионирала играта на Бразил во осминафиналниот дуел против Јужна Кореја (4-1) на Светското првенство во Катар. Бразил обезбеди пласман во четвртфиналето со убедлива победа над Јужна Кореја во натпревар во кој веќе по првото полувреме имаше предност од четири голови. […]

СП2022: Прво големо изненадување во осминафиналето, Мароко ја елиминира Шпанија 


ОАЕ– Мароко ја приреди првата сензација во нокаут фазата на Светското првенство, совладувајќи ја вечерва репрезентацијата на Шпанија на пенали со 3-0, откако осминафиналниот дуел во Ал Рајан заврши без голови по 120  минути игра.  Мароканскиот херој беше голманот Боно кој во серијата пенали ги одбрани сите удари од белата точка на Шпанија. Непрецизни во шпанскиот состав […]

СП2022: Моријасу останува јапонски селектор до 2024


Јапонија– Поразот на Јапонија од Хрватска во осминафиналето на Светското првенство во Катар нема да влијае врз судбината на Хајиме Моријасу на селекторската клупа и тој ќе продолжи да ја предводи јапонската репрезентација, јавија денеска локалните медиуми. Според истите извори, 54-годишниот Моријасу ќе ја продолжи соработката со Фудбалската федерација на Јапонија најмалку до 2024 година. Јапонското фудбалско раководство е […]

СП 2022: Холанѓаните се релаксираа на јахта по пласманот во четвртфиналето


ОАЕ – Холандскиот национален тим изнајми јахта изминатиот викенд во Катар откако се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство. Холандската репрезентација вчерас изнајми јахта и имаше патување за време на паузата помеѓу натпреварите на Светското првенство 2022 година во Катар. Стручниот штаб и фудбалерите на националниот тим минаа заеднички одмор на палубата, каде играа карти, јадеа […]

СП2022: Мароко-Шпанија, Португалија-Швајцарија


ОАЕ- На Светското првенство во Катар, во текот на денот ќе бидат формирани сите четвртфинални двојки. За место меѓу најдобрите осум ќе се борат Мароко и Шпанија, односно Португалија и Швајцарија. Мароко се пласираше во нокаут фазата, откако на општо изненадување го освои првото место во Ф-групата. Мароканците одиграа 0:0 против Хрватска, а потоа ги […]

Вавринка ќе игра на Австралија опен со заштитен рејтинг, Тим побара вајлд-карта, Монфис се повлече


Австралија – Објавена е апликацијата за Австралија Опен-2023, што ќе се одржи од 16 до 29 јануари. Машката листа ја предводи светскиот рекет број еден Карлос Алкараз. Според заштитениот рејтинг своето учество го обебзедија: Хуго Делиен; Стен Вавринка; Лојд Харис; Кајл Едмунд; Гвидо Пела; Џереми Чарди. Последен во главната ждрепка влезе Нуно Борхес со број 99, […]

Дани Алвеш: Хрватската фудбалска школа е слична на српската, нема да ни биде лесно


ОАЕ – Бразилскиот фудбалски репрезентативец Дани Алвеш денеска изјави дека Хрватска ќе биде тежок противник за неговата репрезентација во четврт-финалето на Светското првенство во Катар, пренесува веб-страницата Гол, пренесува Танјуг. „Хрватска е тежок противник со добри фудбалери кои играат во европските клубови. Нивната фудбалска школа е слична на српската. Мора да се прилагодиме на нивниот […]

РФМ подготвува спектакл: 30 години машка репрезентација, испраќање на Лазаров, Стоилов…


Ракометната федерација на Македонија по повод 30-годишнината од македонската ракометна репрезентација во машка конкуренција, подготвува голем ракоменетн спектакл. РФМ на 3 јануари во СЦ „Борис ТрајковскИ“ ќе организира ревијален натпревар меѓу сениорската репрезентација и тим составен од поранешните македонски ракометни репрезентативци. Овој натпревар воедно ќе биде проштален на доскорешните репрезентативци Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Стојанче […]

СП2022: Бразил убедлив против Јужна Кореја за место во четвртфиналето


  Фудбалерите на Бразил ја оправдаа фаворитската улога во осминафиналната пресметка против Јужна Кореја и со убедлив триумф од 4-1 (4-0) изборија вечерва место во четвртфиналето на Светското првенство во Катар. Бразил беше надмоќен на теренот на стадионот „974“ во Доха и сите дилеми околу победата ги реши веќе по половина час кога имаше водство […]

СП2022: Хрватска обезбеди пласман меѓу осумте најдобри


ОАЕ- Хрватска се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во Катар совладувајќи ја вечерва на стадионот „Ал Џануб“ во Ал Вакра, Јапонија, на пенали со 3-1, откако по регуларниот дел и двете продолженија резултатот беше израмнет 1-1. Јапонија, која претходно на Мундијалот со два пресврти триумфираше над Германија и Шпанија, поведе во осминафиналната пресметка против Хрватска во 43 минута […]

Роналдо пред трансфер во Саудиска Арабија, ќе стане најплатен спортист во светот


Шпанија – Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо треба да потпише две и полгодишен договор со саудискиот клуб Ал Наср и ќе стане најплатен спортист во светски рамки, објави денеска шпанскиот весник Марка. Роналдо минатиот месец предвреме ја заврши соработката со Манчестер јунајтед по интервју во кое го откри своето незадоволство во премиерлигашот и неговиот тренер Ерик тен Хаг. Португалскиот фудбалер во моментов […]

СП2022: Решавачки дуел за Хрватска против Јапонија за пласман во четвртфиналето


ОАЕ- Денеска продолжуваат натпреварите на СП во Катар со уште две средби од осминафиналето. Се среќаваат Јапонија – Хрватска и Бразил – Ј. Кореја. Значи „коцкестите“ и Бразилците ќе ги одмерат силите против азиските “Тигри“. Секако дека нема лесно да им биде, посебно на Хрватите, кои иако се најдоа во осминафиналето сепак не воодушевија досега […]

Панчев со поддршка на Пикси: Србија не треба да го менува селекторот


Најдобриот македонски фудбалер за изминатиот век, Дарко Панчев, му изрази поддршка на селекторот на Србија, Драган Стојковиќ, по елиминацијата во групната фаза на Светското првенство. Тој вели дека неговиот некогаш соиграч од Црвена Звезда и голем пријател, Пикси, мора да остане на кормилото на Србија. Сепак, и тој го дели ставот дека селекцијата на северниот […]