Лорис и Мартинез очи во очи: Прва средба на голманите на Франција и Аргентина по СП во Катар (видео)
Фудбалерите на Астон Вила го победија Тотенхем со 2:0, а покрај заслужената победа на гостувањето, најинтересниот момент на натпреварот се случи уште пред почетокот на истиот. Тоа беше средба меѓу Хуго Лорис и Еми Мартинез, првиот избор на голмани на француската и на аргентинската репрезентација кои одиграа незаборавно финале на неодамнешното СП во Катар.
Лорис и на овој меч беше стартен голман, додека Мартинез само пред некој ден се врати од одмор, па тренерот Емери го остави на клупата за овој меч.
Пред натпреварот Мартинез му пријде на Лорис и тие се ракуваа, што ги налутило француските навивачи. Знаеме колку аргентинскиот голман ги понижи „триколорите“ откако Аргентина го освои Мундијалот, а на удар најмногу беше Килијан Мбапе.
El saludo entre Hugo Lloris y Dibu Martínez antes del partido de #Tottenham vs #AstonVilla pic.twitter.com/uF0h04aziL
— Pablo Manzotti (@manzottipablo) January 1, 2023
Тренерот на Астон вила, Унаи Емери, ги сумираше впечатоците од натпреварот од 18. коло на шампионатот на Англија против Тотенхем. Тимот од Бирмингем победи со 2:0 на теренот на Тотенхем.
– Зборуваме за натпреварот кој ја покажува вистинската сила и класа на нашиот тим. Мислам дека одигравме многу добро во одбраната, создадовме шанси пре дпротивничкиот гол и генерално се чувствувавме самоуверено. На домашен терен Тотенхем е силен, понекогаш играјќи натпревари поотворено од вообичаено, а по анализи сфативме дека треба да играме дефанзивно, притоа да се трудиме да не ги трошиме шансите за гол. И ние го направивме тоа, изјави Емери за „Фудбал Лондон“.
Астон вила е 12-та во поредокот во Премие рлигата со 21 бод од 17 натпревари. Тотенхем е петти со 30 бодови.