СП2022: Нови инциденти во Белгија предизвикани од марокански навивачи, десетици приведени


  Во главниот белгиски град Брисел повторно се случија немири во режија на марокански навивачи кои предизвикуваа инциденти и проблеми прославувајќи го пласманот на Мароко во нокаут фазата на Светското фудбалско првенство во Катар. Мароко во последното коло во групата Ф ја победи Канада со 2-1 и за првпат по пауза од 36 години се […]

СП2022: Германските медиуми шокирани од елиминацијата


 Шок и неверување провејува во извештаите на германските медиуми по елиминацијата на националниот тим од Светското првенство во Катар, а дел од вината му ја препишуваат на селекторот Ханси Флик  Германија го заврши настапот на Мундијалот како третопласирана во групата Е зад Јапонија и Шпанија, и покрај вчерашната победа над Костарика (4-2).  „Каква срамота! Елиминирани сме“, објави на […]

Швајнштајгер: „Одговорноста е кај играчите, а не кај Ханси Флик“


  Поранешната германска фудбалска ѕвезда и дел од тимот што го освои светскиот шампионат Бастијан Швајнштајгер не гледа во селектор Ханси Флик како главниот виновник за големиот неуспех на Мундијалот во Катар. „Ханси не згреши премногу. Одговорноста е на играчите“, изјави експерот на телевизијата АРД по елиминацијата на националниот тим по групната фаза на Светското […]

Ново чудо на Јапонците – ја победија и Шпанија. Германците се враќаат дома


  Започна со изненадување, а заврши со изненадување. Фудбалските репрезентации на Јапонија и Шпанија ги освоија првите две места во групата Е на Светското првенство и се пласираа во нокаут фазата на Светското првенство во Катар. Аут се Германија и Костарика. Германија пред третото коло беше последна на табелата со само еден освоен бод, откако […]

СП 2022: Хрватска и Мароко обезбедија пласман во осминафиналето


ОАЕ- Белгија на големо изненадување доживеа елиминација од Светското првенство веќе во групната фаза, откако вечерва во третото коло во групата Ф одигра нерешено 0-0 против Хрватска, на која бодот ѝ беше доволен за пласман во нокаут фазата заедно со репрезентацијата на Мароко која триумфираше над Канада со 2-1. Мароко заврши првопласиран во групата Ф […]

Колинда-Грабар Китаровиќ цел ден се дружи со навивачите и пее во Катар


  Поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ од раните утрински часови денеска се загрева со навивачите за натпреварот меѓу Хрватска и Белгија, кој штошуку почна. Фотографите ја забележаа расположената Колинда во хрватски дрес додека пее со навивачите. „Јас ќе навивам од трибините со навивачите. Очекувам Хрватска да влезе во полуфиналето или финалето. Значи, ‘no pressure’, […]

Антиќ во посета на Кошаркарската федерација на Грција


Изминатите неколку дена претседателот на Кошаркарската Федерација на Македонија Перо Антиќ ги помина во работна посета на Кошаркарската Федерација на Грција. Тој се сретна со Претседателот на Кошаркарската Федерација на Грција, Евангелос Љољос, кој пак беше во посета на Македонија летото што измина за време на Европското првенство за кошаркари до 16 години кое се […]

Кралот Чарлс ја одликува тенисерката Ема Радукану


Англија– Тенисерката Ема Радукану сега е член на Редот на Британската империја (MBE). Денес во замокот Виндзор, кралот Чарлс ѝ ја додели на Радукану наградата за тениски заслуги. „Беше одлично што ја добив мојата чест денес од Неговото Височество Кралот – се чувствувам исклучително благодарна“, рече Радукану во изјавата. Во 2021 година, Радукану го шокираше […]

СП2022: Одлучувачко коло во групите Е и Ф


ОАЕ – На Светското првенство што се игра во Катар, денеска на програмата се натпреварите од третото, одлучувачко коло во групите Е и Ф. Во дербито на денот, во 16 часот се среќаваат Хрватска и Белгија. Хрватска беше сребрена, а Белгија бронзена на Мундијалот во Русија, но една од нив предвреме ќе го напушти Катар. […]

Влаховиќ ги демантираше гласините за афера со сопругата на Рајковиќ


ОАЕ – Српскиот репрезентативен напаѓач Душан Влаховиќ ги демантираше информациите дека имал афера со Ана Рајковиќ, сопругата на резервниот голман на репрезентацијата Предраг Рајковиќ. Српските медиуми пишуваа дека токму поради романсата напаѓачот не влегол во стартниот состав на репрезентацијата на Светското првенство во Катар 2022 година. – Жалам што морав вака да ја започнам прес-конференцијата на […]

Мартино го напушта Мексико по елиминацијата од Светското првенство


ОАЕ– Селекторот на мексиканската фудбалска репрезентација Херардо Мартино ќе ја напушти функцијата по елиминацијата на тимот од Светското првенство, пренесува „АС“. Мексико синоќа ја победи Саудиска Арабија со 2:1 и му недостасуваше само еден гол да ја помине групата. Сепак, Мартино ја соопшти својата одлука на федерацијата уште пред почетокот на СП 2022 година, но по […]

Меси за соборувањето на рекордот на Марадона: Би бил многу среќен за мене


ОАЕ – Лионел Меси проговори за соборувањето на рекордот на Диего Марадона за натпревари за националниот тим. Натпреварот одигран синоќа против Полска (2:0) беше 22-ри за напаѓачот на фудбалските Мундијали. Меси кој игра за ПСЖ го надмина Диего Марадона по бројот на настапи на Светските првенства и постави рекорд за Аргентинците. – Неодамна дознав за тоа, […]

Франција ќе се жали до ФИФА за поништувањето на голот на Гризман


ОАЕ– Француската фудбалска федерација ќе се жали до ФИФА поради поништување на голот на Антоан Гризман. „Триколорите“ вчера загубија од Тунис (0:1) во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Светското првенство 2022 година. Антоан Гризман израмни во осмата минута од судиското надополнување. Главниот судија на средбата Метју Конгер од Нов Зеланд веќе свирна крај […]

Пирова победа на Мексико над С. Арабија, Аргентина и Полска одат понатаму


Драматично до последниот свиреж на судиите вечерва беше на натпреварите Аргентина – Полска и Мексико – Саудиска Арабија во рамки на последното коло во групната фаза на Групата Ц на Мундијалот во Катар. Репрезентацијата на Аргентина доминираше против Полска и го освои првото место во групата Ц, но двете селекции одат во осминафиналето. Фудбалерите на […]

Стадионот на Шкупи суспендиран на 6 натпревари поради инцидентите со Шкендија


Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес му изрече на актуелниот шампион Шкупи забрана да биде домаќин на својот стадион во Чаир на шест натпревари поради инцидентите кои навивачите ги предизвикаа при гостувањето на Шкендија во четвртфиналето од националниот куп. Шкупи во следните пет натпревари ќе биде домаќин надвор од Скопје, најмалку 100 […]

Тунис го совлада светскиот првак, но остана со куси ракави, во осминафиналето Франција и Австралија


Франција и Австралија се во осминафиналето на Мундијалот. Франција оди во нокаут фаза како прва, Австралија како втора во групата. Австралија во клучниот меч ја победи Данска со 1:0, додека Тунис направи сензација бидејќи ја победи Франција, но тоа не беше доволно. Голот за Тунис на последниот натпревар во групната фаза против Франција го постигна […]

Пеле итно хоспитализиран во болница


Бразил- Поранешниот бразилски фудбалер и легенда, Пеле повторно е во болница во Сао Паоло откако неговата здравствена состојба се влошила. Пеле веќе подолг период води битка со ракот, а овој пат ситуацијата дополнително се искомплицирала кога на 82-годишниот Бразилец му се појавил оток по телото. Третманот кој го користи Пеле во изминатите месец не дал […]

Ѓоковиќ ја отвора новата сезона со настап на турнирот во Аделаида 


Србија– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ новата сезона ќе ја почне на АТП турнирот во австралискиот град Аделаида од 2 до 8 јануари, кој вообичаено им служи на играчите како подготовка за грен – слем турнирот во Мелбурн подоцна истиот месец.  Ѓоковиќ, кој сезоната ја заврши со освојување на АТП завршниот турнир во Торино и во моментов […]

СП2022: ФИФА ја повлече забраната за обележја во боите на виножито 


  Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти денеска дека обележјата во бои на виножито и транспаренти со пораки за поддршка на протестите во Иран ќе бидат дозволени на стадионите на кои се игра Мундијалот во Катар, ден откако репрезентациите на Велс и Иран се елиминирани од завршниот турнир.  Обезбедувањето на стадионите претходните денови заплени обележја во […]

СП2022: На кого што му треба за осминафинале од Групите Ц и Д?


ОАЕ- Фудбалерите на Аргентина и Полска денеска од 20 часот решаваат за тоа кој ќе ја помине групата „Ц“ на Светското фудбалско првенство во Катар. Се е подготвено за разврската во групите Ц и Д, со одлични натпревари на денешната мундијалска програма. Полска моментно е лидер во групата Ц, но Левандовски и компанија лесно може […]