Централната банка на Аргентина размислува да го стави Меси на банкнота


„Ел Финансиеро“, пишува дека Централната банка на Аргентина размислува да го стави ликот на Лионел Меси на банкнотата од 1.000 пезоси (нешто повеќе од 5 евра). Бројот 1.000 ќе започне со десетка која ќе биде иста како онаа на дресот на Меси, на предната страна на банкнотата ќе стои насмевката на Лео, а на задната страна ќе пишува „Ла Скалониета“, кој е прекарот на тимот откако Лионел Скалони го презеде во 2018 година.

Тоа не би било првпат ликовите на аргентинските фудбалери да завршат на банкнота, во 1978 година, по освоената светска титула, банкнота доби тимот предводен од Марио Кемпес и Даниел Пасарела.

На социјалната мрежа инстаграм протекоа и фотографии од решение за тоа како би изгледала банкнотата: