Меси прогласен за спортист на годината во изборот на Би-Би-Си


Аргентинскиот фудбалски репрезентативец Лионел Меси е прогласен за спортист на годината за 2022 година, во изборот на Би-Би-Си.

Аргентинскиот напаѓач ќе ја добие наградата Светска спортска ѕвезда на „BBC Sports Personality“.

Наградата се доделува на спортистот кој го постигна најзначајниот успех на светско ниво во текот на годината.

Меси го освои Светското првенство во 2022 година со Аргентина и беше прогласен за најдобар играч на турнирот.