Сејдини: Успехот на македонските фудбалери инспирација за секого


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Муамед Сејдини им ја честита на репрезентативците и стручниот штаб победата над Италија во Палермо и обезбеденото место во финалето од баражот за пласман на Светското првенство 2022. Сејдини во пораката објавена на социјалните мрежи истакна дека триумфот на македонските фудбалери треба да биде инспирација за успех на …

Сејдини: Успехот на македонските фудбалери инспирација за секого Read More »

Александар Трајковски – човекот кој ја „урна“ Италија


Александар Трајковски, фудбалерот кој синоќа го постигна единствениот гол за Македонија на натпреварот против Италија за квалификации на Светското првенство во Катар, слободно може да се нареќе херој. За него денеска пишуваат сите медиуми во регионот, но и во Европа и во светот. Трајковски (29), во моментот игра на позицијата лево крило во саудиски Ал-Фајх. …

Александар Трајковски – човекот кој ја „урна“ Италија Read More »

Јилмаз по промашениот пенал се збогува со турската репрезентација


 Турскиот фудбалски репрезентативец Бурак Јилмаз објави дека го одиграл последниот натпревар во националниот дрес, непосредно откако Турција загуби синоќа од Португалија (1-3) во полуфиналето од мундијалскиот бараж. Јилмаз синоќа прво го намали водството на Португалија на 2-1, а во 85 минути не реализираше пенал, по што во завршните минути домаќините само ја потврдија победата, која …

Јилмаз по промашениот пенал се збогува со турската репрезентација Read More »

Португалците внимателни пред финалето против македонските фудбалери: Добри се


 Респект и внимателност преовладуваат во изјавите на португалските фудбалери, кои по вчерашниот триумф над Турција (3-1) пред 48.000 гледачи на стадионот „Драгао“ во Порто, во вторник на истото место ја пречекуваат македонската репрезентација во рамки на финалниот бараж за пласман на Мундијалот во Катар. – Ваквите натпревари се финале, а финалето секогаш е комплицирано. Го …

Португалците внимателни пред финалето против македонските фудбалери: Добри се Read More »

„Кориере дело спорт“: Македонскиот анаграм е демонски


Италијанската јавност сѐ уште е во шок од вчерашниот пораз во баражот од Македонија во Палермо. Има одредени пофалби за играта на македонските фудбалери, но главно реакциите се дека Италијанците потфрлиле и дозволиле да бидат елиминирани. Главната забелешка е зошто, всушност, италијанскиот фудбал се најде во улога да бара место во Катар преку бараж кога …

„Кориере дело спорт“: Македонскиот анаграм е демонски Read More »

Даниил Медведев повикува на мир, но учеството на Русите на Вимблдон неизвесно


САД– Дали светскиот рекет број 2 Даниил Медведев би бил подготвен да го критикува Владимир Путин за да игра на Вимблдон ова лето? Прашањето останува неодговорено откако Медведев вешто ја избегна оваа тема во Мајами. Засега, на Медведев и неговите сограѓани Руси им е дозволено да продолжат да играат како поединци на АТП и ВТА …

Даниил Медведев повикува на мир, но учеството на Русите на Вимблдон неизвесно Read More »

Македонските фудбалери вечер се враќаат во Скопје


Македонската фудбалска репрезентација вечер се враќа во Скопје, ден по сензационалниот триумф над актуелниот европски првак Италија (1-0) во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство. Предвидено е македонската фудбалска експедиција со чартер-лет од Палермо да пристигне на скопскиот аеродром околу 18 часот. Селекторот Благоја Милевски ќе ги искористи деновите од викендот за мини подготовки за финалето против Португалија, …

Македонските фудбалери вечер се враќаат во Скопје Read More »

Милевски: Италија ја победивме во италијански стил


Македонскиот селектор Благоја Милевски не го криеше задоволството по синоќешната сензационална победа над Италија (1-0), истакнувајќи на прес-конференцијата по натпреварот во Палермо дека е горд на своите играчи. – Победивме во италијански стил против Италијанците, со гол од два обиди. Многу сум среќен поради оваа победа и горд на овие играчи, изјави Милевски, кој ја однесе македонската …

Милевски: Италија ја победивме во италијански стил Read More »

Киелини: Огромно разочарување за нас, тешко е да се објасни што се случи


Ветеранот во италијанската фудбалска репрезентација Џорџо Киелини не може да поверува што и се случи на неговата репрезентација на вечерашниот дуел со Македонија. – Тешко е да се објасни. Огромно разочарување за нас. Одигравме добар натпревар, но не можевме да постигнеме гол. Од септември до денес направивме грешки и плативме за нив. Јасно е дека …

Киелини: Огромно разочарување за нас, тешко е да се објасни што се случи Read More »

(Фото) Навивачите ја слават победата на Македонија над Италија


Историскиот успех на македонската фудбалска репрезентација над европскиот првак Италија во баражот за Светското првенство, одекна силно во фудбалскиот свет. Навивачите во земјава, бучно ја прославија победата и излегоа да ја прослават на улиците.  Еве како беше во главниот град Скопје.  

Сензација во Палермо! Македонија ја победи Италија во првиот бараж


Фудбалерите на Македонија вечерва во Палермо ја постигнаа најголемата победа во својата историја совладувајќи го Европскиот првак Италија во баражот за Светското фудбалско првенство со 1:0.  Победничкиот гол го постигна Александар Трајковски. Некогашниот фудбалер на Палермо на три минути пред крајот на регуларниот дел, биеше од 25 метри во долниот десен агол на Донарума, кој …

Сензација во Палермо! Македонија ја победи Италија во првиот бараж Read More »

Голем успех за македонските сноубордери – ја завршија сезоната со два златни, два сребрени и шест бронзени медали


Македонските сноубордери ја заокружија натпреварувачката сезона со голем меѓународен успех. Два златни медали во ФИС натпреварувањата во сениорска конкуренција освои Иван Георгиев, а Карло Дерибан освои еден сребрен и три бронзени медали. Во истата категорија Ведран Лауренчиќ освои еден сребрен и еден бронзен медал, а Марко Петровски се закити со еден бронзен медал. За македонските …

Голем успех за македонските сноубордери – ја завршија сезоната со два златни, два сребрени и шест бронзени медали Read More »

Вечерва бараж за Светско фудбалско првенство, Италија ја пречекува Македонија


Македонскиот национален тим за прв пат во својата историја ќе учествува во бараж за Светско фудбалско првенство. Избраниците на селекторот Благоја Милевски во полуфиналето од плејофот ќе играат со Италија на гостински терен. Домаќинот кој е актуелен европски првак е голем фаворит, но „црвено-жолтите“ најавија бескомпромисна борба за секоја топка. Натпреварот ќе се игра во …

Вечерва бараж за Светско фудбалско првенство, Италија ја пречекува Македонија Read More »

Македонците го одржаа официјалниот тренинг пред дуелот со Италија


Македонската фудбалска репрезентација вечерва го одржа официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар против Италија во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство. Иако на хартија нашите репрезентативци се аутсајдери, сепак тие веруваат дек аможат да направат изненадување, а дека се способни за такво нешто покажа многупати. Селекторот Благоја Милевски на своите избраници им порача да …

Македонците го одржаа официјалниот тренинг пред дуелот со Италија Read More »

Абрамович може да го купи турскиот Гезтепе


Рускиот бизнисмен Роман Абрамович може да купи турски фудбалски клуб. Како што јави „Си-ен-ен Турк“ Абрамович преговара со сопственикот на Гезтепе, Мехмет Сепил. Се забележува дека во блиска иднина сопственикот на Гезтепе ќе се сретне со претставник на рускиот бизнисмен. Претходно беше објавено дека Сепил ќе ја напушти функцијата претседател на клубот. По 30 кола …

Абрамович може да го купи турскиот Гезтепе Read More »

Пандев: Веќе 20 години нивото во Серија А е намалено, затоа постарите фудбалери играат толку добро


Македонскиот фудбалер Горан Пандев објасни зошто повозрасните играчи се покажуваат во добро светло во Серија А. – Има многу добри млади играчи во Италија и не е лесно да се освои Европското првенство победувајќи ја Англија на домашен терен. Манчини и неговиот тим испишаа многу добра страница во историјата. Но, во споредба со тоа што …

Пандев: Веќе 20 години нивото во Серија А е намалено, затоа постарите фудбалери играат толку добро Read More »

(Видео) Велосипедист излета од патот и падна во провалија: Добро сум, само дајте ми велосипед


Деновиве во Каталонија се вози велосипедската трка Volta a Catalunya од која медиумите и социјалните мрежи пренесоа видео од неверојатен пад на велосипедист. Данецот Матијас Скјелмосе падна во една кривина, но не на патот туку надвор од него. Бездната беше длабока речиси десет метри и на снимката од хеликоптерот се изгледаше многу страшно. Но, кога …

(Видео) Велосипедист излета од патот и падна во провалија: Добро сум, само дајте ми велосипед Read More »

Шокантна вест од тенисот: Ешли Барти се пензионира на 25 години


  Таа е физички и емоционално потрошена и Ешли Барти ќе се пензионира со знаење дека „дала апсолутно сѐ“ на тенисот. Светскиот број 1 го запрепасти светот на тенисот во средата објавувајќи го нејзиното заминување од спортот на 25-годишна возраст, пренесувајќи ги вестите како бомба во интервју со Кејси Делакуа преку нејзините канали на социјалните …

Шокантна вест од тенисот: Ешли Барти се пензионира на 25 години Read More »

На Надал му пукнало ребро во финалето на Индијан Велс – ќе го нема шест недели


  Се чини дека феноменалниот шпански тенисер дефинитивно ќе го пропушти турнирот од АТП Мастерс серијата во Монте Карло, како и турнирот во Барселона. Надал се повреди во финалето на турнирот во Индијан Велс по што лекарскиот преглед констатира пукнато ребро. Се очекува тој да биде надвор од терените четири до шест недели. „Ова не …

На Надал му пукнало ребро во финалето на Индијан Велс – ќе го нема шест недели Read More »

Нејмар е најплатен играч во Лига 1, втор е Меси, трет Мбапе


Изданието L’Equipe објави рангирање на најплатените играчи во фудбалскиот шампионат на Франција. Во топ 20 на рангирањето има 18 играчи на ПСЖ. Најмногу во Лига 1 добива Нејмар, напаѓачот на парискиот тим – 4,083 милиони евра месечно. Второто место на рангирањето го зазеде соиграчот на Нејмар, Лионел Меси со 3,375 милиони евра месечно. На третата …

Нејмар е најплатен играч во Лига 1, втор е Меси, трет Мбапе Read More »