Сензација во Палермо! Македонија ја победи Италија во првиот бараж

Победничкиот гол го потигна Александар Трајковски на три минути пред крајот на натпреварот. Мкедонија во транс, Италија во шок


Фудбалерите на Македонија вечерва во Палермо ја постигнаа најголемата победа во својата историја совладувајќи го Европскиот првак Италија во баражот за Светското фудбалско првенство со 1:0.

 Победничкиот гол го постигна Александар Трајковски. Некогашниот фудбалер на Палермо на три минути пред крајот на регуларниот дел, биеше од 25 метри во долниот десен агол на Донарума, кој беше немоќен на ударот на македонскиот репрезентативец.

Во полуфиналето од квалификациите за Светското првенство, Македонија во Палермо ја победи Италија со 1-0 и закажа дуел со уште еден фудбалски гигант – репрезентацијата на Португалија која вечерва на домашен терен ја совлада Турција со 3:1.

Италијанците очекувано започнаа офанзивно, но нивната најголема шанса уследи по половина час игра по кардинална грешка на Димитриевски, кој му ја подари топката на работ, а шеснаесетникот на Берарди, но во продолжение на акцијата со навремена интервенција го одбрани неговиот удар кон празната мрежа.

Од тој момент Италија жестоко нападна, но македонскиот состав успешно одолеа и во завршната минута од првото полувреме го имаше првиот и најсериозен обид за водство, кога ударот на Трајковски по проигрувањето од Барди беше скротен од Донарума.

Второто полувреме почна со три обиди на Берарди во воведните 12 минути, но првиот го одбрани Димитриевски, а вторите два завршија крај голот,

Македонија врати преку Трајковски по еден час игра, кога неговиот удар откосо од левата страна беше непрецизен.

Кога сè навестуваше дека мечот во Палермо ќе оди во продолженија, Трајковски со прецизен удар од дистанца во судиското продолжение го совлада немоќниот Донарума и донесе огромна радост за околу 1.500 македонски навивачи во Палермо.

Македонија е на чекор до историски пласман на Светското првенството, а за тоа ќе и биде потребна уште една гостинска победа на 29 март во Порто против Португалија, која вечерва во второто полуфинале од групата ја совлада Турција со 3-1.

Италија по 2018 година не оди на Светско првенство.

Катар нема да го види европскиот шампион од 2021 година.

Еве каква беше амосферата во соблекувалната на македонската репрезентација непосредно по натпреварот: 

Во другите натпревари од баражот за СП, одиграни вечерва, фудбалерите на Велс ја победија Австрија со 2-1 на домашен терен во Кардиф. Првото име на натпреварот беше одличниот Герет Бејл кој ги постигна двата гола за домаќините, а во финалната борба за учество на Светското првенство Велс повторно ќе биде домаќин. Велшаните го чекаат победникот од мечот меѓу Шкотска и Украина, а тој меч се игра во јуни.

Вечерва Шведска ја победи Чешка со 1-0 по продолжение и се пласираше во квалификациското финале, во кое ќе игра со Полска, која со одлука е веќе во финалето бидејќи Русија беше исфрлена од баражот.