(Видео) Велосипедист излета од патот и падна во провалија: Добро сум, само дајте ми велосипед


Деновиве во Каталонија се вози велосипедската трка Volta a Catalunya од која медиумите и социјалните мрежи пренесоа видео од неверојатен пад на велосипедист. Данецот Матијас Скјелмосе падна во една кривина, но не на патот туку надвор од него.

Бездната беше длабока речиси десет метри и на снимката од хеликоптерот се изгледаше многу страшно. Но, кога пристигна помош од автомобилите што ги придружуваа велосипедистите, сите беа многу изненадени.

Данецот не само што бил добро, туку го зел велосипедот и го подал на спасувачите. Кога се врати на патот, малку поткривнуваше, но само рече:
„Добро сум, добро сум. Само дајте ми нов велосипед“, им рече тој на малку шокираните членови на неговиот тим.

Погледнете ја оваа необична сцена.