Абрамович може да го купи турскиот Гезтепе


Рускиот бизнисмен Роман Абрамович може да купи турски фудбалски клуб.

Како што јави „Си-ен-ен Турк“ Абрамович преговара со сопственикот на Гезтепе, Мехмет Сепил. Се забележува дека во блиска иднина сопственикот на Гезтепе ќе се сретне со претставник на рускиот бизнисмен.

Претходно беше објавено дека Сепил ќе ја напушти функцијата претседател на клубот. По 30 кола во турскиот шампионат, Гезтепе освои 27 бода и се наоѓа на 18. место во поредокот.

За потсетување, на 2 март Абрамович ја објави продажбата на неговиот сегашен клуб Челзи.