Помладиот брат на Мбапе дебитираше за ПСЖ


  Братот на ѕвездата на француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе, 15-годишниот Етан Мбапе, дебитираше синоќа за сениорскиот тим на ПСЖ. Помладиот Мбапе го одигра второто полувреме во победата на францускиот првак од 2-1 во пријателскиот натпревар против локалниот ривал Париз влегувајќи на теренот на местото на Фабијан Руиз. Покрај младите играчи во составот на ПСЖ […]

Почина српскиот фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ


Легендарниот фудбалер и тренер ја загуби борбата со тешката болест и почина во болницата во Рим. Веста која никој не сакаше да стигне: нѐ напушти Синиша Михајловиќ, пишува La Gazzetta dello Sport. Почина во римска клиника на 53-годишна возраст. Поранешниот тренер на Болоња објави дека му била откриена болеста на прес-конференција на 13 јули 2019 […]

ФИФА: Светско клупско првенство со 32 екипи од 2025 година


  Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска преку својот претседател Џани Инфантино стави крај на шпекулациите и потврди дека светското клупско првенство од 2025 година ќе се одржува во нов формат. – Светското првенство за клубови, во нов формат со 32 екипи, ќе почне од 2025 година, изјави Инфантино на прес – конференција во Доха. Првиот човек на ФИФА ја потврди […]

СП2022: Франција во финалето посилна со Рабио и Упамекано


ОАЕ- Адриен Рабио и Дајот Упамекано, обајцата важни алки во составот на француската фудбалска репрезентација, ќе бидат подготвени за финалето на Светското првенство против Аргентина в недела од 16 часот. И двајцата поради здравствени проблеми го пропуштија полуфиналето против Мароко. Упамекано имаше проблеми со воспаление на грлото, додека Рабио беше надвор од теренот против вироза. Француските медиуми јавија […]

Европски суд на правдата: УЕФА има право да ја блокира Суперлигата


Судот на Европската унија одлучи дека УЕФА има право да го блокира клубовите да формираат Суперлига, паралелно натпреварување кое го иницираа 12 европски гиганти, а по жестоките реакции во јавноста девет од нив се повлекоа и зад идејата останаа само Реал Мадрид, Барселона и Јувентус. Како што соопшти синоќа главниот застапник на Европскиот суд на правдата, Атанасиос […]

Мареј донираше 630.000 долари за помош за украинските деца


Англија – Поранешниот најдобар светски тенисер, Британецот Енди Мареј, е добитник на овогодишната награда „Артур Еш“ за хуманитарна работа, а ја заслужи со својата посветеност за помош на украинските деца погодени од руската инвазија на нивната татковина. Мареј за време на турнирот во Индијан Велс одлучи својата заработка од наградниот фонд да ја донира за помош […]

ПСЖ и Меси ќе преговараат за продолжување на договорот по завршување на СП


ОАЕ – Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, најави дека ќе се обиде да го убеди аргентинскиот фудбалер Лионел Меси да го продолжи договорот со францускиот шампион. Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, а Ал Келаифи рече дека сака аргентинскиот капитен да остане во клубот од Париз најмалку до јуни 2024. „Меси е многу среќен, […]

Полски судии ќе ја делат правдата на финалето на Светското првенство 2022


ОАЕ – ФИФА ги одреди судиите за финалето на Светското првенство 2022 кое се игра во Катар. За главен судија на натпреварот меѓу репрезентациите на Аргентина и на Франција е назначен Шимон Марчинијак. Полјакот веќе им судеше на овие селекции на Светското првенство во Катар. Тој ја делеше правдата на натпреварите Франција – Данска (2:1) и […]

Лоши вести од Италија: Здравјето на Вијали и Михајловиќ е влошено


Италија– Здравствената состојба на Џанлука Вијали и на Синиша Михајловиќ, двајцата легендарни фудбалери кои се борат за опасни болести, е сериозно влошена, откриваат медиумите во Италија. Вијали поради новонастаната ситуација со борбата со канцер ќе мора да се повлече од работното место и нема веќе да биде асистент во стручниот штаб на селекторот Роберто Манчини. […]

Борис Бекер ослободен од затвор


Англија– Германската тениска легенда Борис Бекер е ослободен од затвор во Лондон, јави британската агенција ПА. Бекер на крајот на април беше осуден на две и пол години затвор. Борис Бекер на крајот на април годинава беше осуден на две и пол години затвор, а излегува на слобода по помалку од осум месеци. Остатокот од казната нема […]

Меси фаворит за најдобар играч на Мундијалот во изборот на „Goal.com“


Англија – Престижниот портал специјализиран за фудбал „Goal.com“ по полуфиналната фаза ја ажурираше листата на претенденти за наградата играч на Светското првенство во 2022 година. На листата, како и во претходната верзија на рејтингот, во водство е напаѓачот на репрезентацијата на Аргентина и ПСЖ, Лионел Меси. На второто место остана напаѓачот на француската репрезентација и ПСЖ, […]

ФФМ ги номинираше Ристовски, Елмас и Барди за наградата „Спортист на годината“ во организација на АМС


  Фудбалската федерација на Македонија до Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги испрати предлог номинациите за избор на „Спортисти на годината“ во организација на АМС, објави ФФМ на својата веб-страница. На предлог на селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, во категоријата „Спортист на годината“, Фудбалската федерација на Македонија ги номинираше Стефан Ристовски, Елиф […]

Еве кога се игра финалето помеѓу Аргентина и Франција


Аргентина и Франција во недела ќе играат во финалето на Светското првенство. Натпреварот ќе се игра во несекојдневен термин, од 16:00 часот по средноевропско време, односно од 14:00 часот по Катарско време. Термин кој дефинитивно не го очекуваа многумина, особено ако се земат предвид високите температури во Доха и интензивните горештини. Ништо од вечерниот термин… […]

СП2022: Мароканците „изгореа“ на терен, но во финале оди Франција


  Франција е вториот финалист на Светското фудбалско првенство 2022. „Триколорите“ вечерва во Ал Хор ја оправдаа улогата на фаворит во полуфиналето со Мароко славејќи победа со 2:0. По само пет минути Тео Ернандез и донесе водство на Франција, а победата ја запечати Коло Муани во 79. минута.   Голот на Ернандез е најбрз во […]

Ѓоковиќ: Браво, Меси и Аргентина, но честитки и за Хрватска за одличниот турнир


  Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги пофали Меси и Аргентинците за пласманот во финалето на Светското првенство 2022, но не заборави да упати честитки и за Хрватите за високиот пласман. Најпрвин Ѓоковиќ на социјалните мрежи напиша: „Браво, Лео и Аргентина“. Потоа следуваше и коментар за хрватската репрезентација и Дејан Ловрен и Лука Модриќ: „Честитки за […]

Катар ги запре летовите кои требаше да пренесат навивачи на Мароко за мечот со Франција


  Стотици марокански фудбалски навивачи останаа уништени бидејќи откажувањата на летовите во последен момент се чини дека ќе ги спречат да патуваат во Катар за полуфиналето на Светското првенство во среда вечер. Националната авиокомпанија на Мароко – Royal Air Maroc – планираше да изврши седум дополнителни летови пред натпреварот. Одлуката ја донесе откако ФА на […]

Роналдо почна да тренира во базата на Реал


    Кристијано Роналдо е забележан во базата на Реал Мадрид, пренесува „Relevo“. Фудбалерот доби дозвола од мадридскиот клуб да ја одржува формата во тренинг комплексот Валдебебас. Роналдо тренираше одвоено од играчите на Реал Мадрид, кои тренираа под водство на Карло Анчелоти. Изворот забележува дека Роналдо немал контакт со играчите на „Кралскиот клуб“, барем тоа […]

СП2022: Сепак, нема да добијат „Ролс Ројс“ – Саудијците демантираат богати награди за победата над Аргентина 


  Претседателот на Фудбалската федерација на Саудиска Арабија, Јасер Ал Мисехал, демантираше дека репрезентативците биле наградени со автомобили од марката „Ролс Ројс“ за победата над Аргентина на Мундијалот во Катар, пренесува шпанскиот весник „Марка“.  Саудиска Арабија на 22 ноември, во натпревар од првото коло во група Ц на Мундијалот, приреди големо изненадување и ја совлада Аргентина со 2-1, а […]

Лазаров го објави списокот ракометари за Светското првенство


  Тројца интернационалци и 20 ракометари од домашното првенство се најдоа на списокот што селекторот Кирил Лазаров го објави денеска за настап на претстојното Светско првенство во Полска и Шведска. Светското првенство ќе се одржи од 11 до 29 јануари, а првиот собир на македонската репрезентација е закажан за 20 овој месец во Скопје. Македонските ракометари ќе […]

Работна група од легендарни фудбалери ќе ја опоравува германската репрезентација 


  Германската фудбалска федерација (ДБФ) објави синоќа дека ќе формира група составена од неколку поранешни фудбалски ѕвезди чија цел ќе биде да ја опорави репрезентацијата откако беше елиминирана во групната фаза на Мундијалот во Катар.  Работната група, која мора да му помогне на националниот тим да се подготви за ЕУРО 2024 во Германија, ќе ја […]