Австралија опен: Ѓоковиќ и Надал се избегнаа во ждрепката
Австралија– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е на спротивната страна од ждрепката од големиот ривал Рафаел Надал на годинешниот Австралија опен (16-29 јануари), што значи дека двајцата можат да се сретнат само во финалето. Ова е епилогот на ждрепката, која беше одржана рано утрово.
Откако прескокна една година на австралискиот Грен слем, Ѓоковиќ, кој е четврти носител, ќе го отвори турнирот против Шпанецот Роберто Карбалес Баена. Бранителот на титулата Надал ќе има потешка задача во првото коло, бидејќи ќе игра против Британецот Џек Дрејпер.
На страната на ждрепката на Новак се српските тенисери Ласло Ѓере и Филип Крајиновиќ, а меѓу попознатите имиња се петтиот носител Андреј Рубљов и домашниот играч Ник Кириос, со кои Ѓоковиќ би можел да се сретне во четвртфиналето.
Новак избегна евентуални дуели пред финалето со Медведев, Циципас и Надал.
Проектираната ждрепка за Ѓоковиќ би изгледала вака:
1. коло Роберто Карбаљес Баена
2. коло Уго Далијен
3. коло Григор Димитров/Карацев
4. коло Пабло Карењо Буста/Де Минор
четвртфинале Руне/Рубљов/Кирјос
полуфинале Руд/Фриц/Зверев
финале: Надал/Медведев/Циципас/Оже-Алијасим
Рафаел Надал од друга страна има тешка ждрепка во Мелбурн како бранител на трофејот кој минатата година со 3:2 во сетови го совлада Данил Медведев.
Вака би изгледала проектираната ждрепка за Надал:
1. коло Џек Дрејпер
2. коло Брендон Накашима/Мекензи Мекдоналд
3. коло Јошихито Нишиока/Хаиме Мунар
4. коло Френсис Тиафо/Карен Хачанов
четвртфинале Данил Медведев/Хуберт Хуркач
полуфинале Стефанос Циципас/Феликс Оже-Алијасим/Јаник Синер
финале Новак Ѓоковиќ/Каспер Руд/Андреј Рубљов