Ѓоковиќ направи шоу, заигра и српско оро, па изгуби (видео)


Новаќ Ѓоковиќ ужива по враќањето на теренот на Арената „Род Лејвер“ во Мелбурн.

Додека се бореше со ник Кирјас, направи шоу за 15.000 навивачи на трибините во Мелбурн.

Освен тениски егзибиции, Ѓоковиќ пред сѐ ужива во директна интеракција со публиката, па така пронајде и нов „тренер“.

А потоа почна вистинско шоу, Ѓоковиќ буквално заигра неколкупати, па и српско оро.

Во третиот сет стигнаа зајакнувања, прво неколку поени Ѓоковиќ и Кирјос играа со тенисери во колички, а во текот на овој дел носеа и микрофони па можеше да се слушне што зборуваат.

 

А спектаклот доживеа врв кога Ѓоковиќ и Кирјас станаа соиграчи на све деца, едно момче со Ник и едно девојче, со Новак.

Ним Ѓоковиќ им посвети најмногу внимание, константно разговараше сонив, им праќаше топки, ги фалеше, советуваше, а кога неговата дубл партнерка освои поен, тој ѝ се поклони.

На крајот, соиграќот на Кирјос, го реши мечот на одушевување на петнаесетилјадната публика.

Инаку, Ѓоковиќ на „Род Лејвер“ арената во Мелбурн,  пред стартот на Австралија опен одигра егзибициски натпревар во хуманитарни цели со домашниот тенисер Ник Кирјос. 

Сите 15.000 влезници за дуелот меѓу Ѓоковиќ и Кирјос беа продадени за 58 минути. 

Ѓоковиќ, кој пред една година беше депортиран од Австралија, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, со овации беше пречекан од австралиската публика. 

„Ви благодарам многу, сега сум малку емотивен, да бидам искрен. Навистина се радував на враќањето на овој терен. Ви благодарам на сите што дојдовте“, изјави Ѓоковиќ. 

Иако резултатот беше во втор план, двајцата тенисери освоија по еден сет, кој се играше во четири освоени гемови, а победникот беше одлучен во тај – брејк во кој на Ѓоковиќ и Кирјос им се приклучија и играчи во инвалидски колички. Тимот на Кирјос на крајот славеше победа со 10-9. 

Првиот годинешен грен – слем турнир почнува в понеделник, а Ѓоковиќ, кој има девет титули на Австралија опен, во првото коло ќе игра против Роберто Кабраљес Баена.