Јилмаз по промашениот пенал се збогува со турската репрезентација


 Турскиот фудбалски репрезентативец Бурак Јилмаз објави дека го одиграл последниот натпревар во националниот дрес, непосредно откако Турција загуби синоќа од Португалија (1-3) во полуфиналето од мундијалскиот бараж.

Јилмаз синоќа прво го намали водството на Португалија на 2-1, а во 85 минути не реализираше пенал, по што во завршните минути домаќините само ја потврдија победата, која им донесе финале против македонските фудбалери во вторник во Порто,

– Ова беше мојот последен натпревар во дресот на Турција. Мислам дека ќе се будам секоја ноќ до крајот на мојот живот поради промашениот пенал, изјави Јилмаз, кој за националниот тим одигра 77 натпревари и постигна 31 голови.