Дуа Липа во британската резиденција во Приштина


Косово- Поп-ѕвездата Дуа Липа, помина едно попладне во амбасадата на Велика Британија во Приштина. Липа таму се сретна со уметници и креатори, волонтери и активисти со цел да донесат промени во Косово преку музиката, уметноста и културата. Дуа Липа е родена во Лондон, во семејство на албански родители од Косово кои ја напуштиле Приштина во […]

Басистот на „Faith No Morе“ промовираше ракија „Јебига“


САД– Били Гулд, басистот на бендот „Faith No Morе“  е голем фан на Балканот и чест гостин на неговите простори па неговата љубов дестилираше во логичен производ. На честите патувања по Србија наидувал на одлични локални ракии од слива кои потоа не успевал да ги најде па затоа решил да создаде своја. Се вика „Yebiga […]

Раде Шербеџија наполни 73 години: Роденден на Бриони со семејството


Хрватска– Актерската легенда Раде Шербеџија го прослави 73.роденден на островот Бриони со семејството – сопругата, режисерката Ленка Удовички со коja е во брак 29 години и трите ќерки кои допатува од целиот свет: Нина од Белград, Вања од Бризбејн и Милица од Ливерпул. Од претходниот брак со кореографката Иванка Церовац ги има ќерката Луција и […]

Супермоделот Хајди Клум пак кажа „да“ на Капри


Италија– По тајната венчавка во февруари во Италија, супермоделот Хајди Клум (46) и нејзиниот избраник, гитаристот Том Каулитц (29)  вчера направија свадба во монденското летувалиште Капри. На свадбата присуствувале и сите деца на Клум, а имало и забава на јахта. На Том, гитаристот на бендот „Токио хотел“ ова му е втор, а на Клум трет […]

Каде летуваат богатите: Нема поубаво од Јадранско море


Црна Гора/ Хрватска – Бил Гејтс, вториот најбогат човек во светот и основач на „Мајкрософт“  и Аманцио Ортега, шестиот најбогат во светот и прв во модната индустрија, и сопственик на компанијата „Индитекс“  летово со своите суперлуксузни јахти крстарат по Јадранското море. Гејтс, со семејството и под силно обезбедување со телохранители и со хеликоптер, уживал во […]

„Не те вадам од памет“ – нова песна на Лозано


На само еден ден пред неговиот концерт на 2 Август на стадионот „Билјанини извори” во Охрид, Влатко Лозаноски – Лозано ја објави новата песна „Не те вадам од памет”, на која како автори се потпишуваат тандемот Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска. За новата песна, Лозано сними и видеоспот на кој како режисер се потпишува Даниел […]

Која од „Дисциплина кичме“ имал мозочен удар и е во кома


Фронтменот на рок-групата Дисциплина кичме, Душан Којиќ – Која (58), имал мозочен удар и е во болница во вештачка кома. Која заминал во Англија да ја посети својатаа сестра, кога доживеал мозочен удар. Тој бил итно хоспитализиран, а лекарите го внеле во индуцирана кома за да му дадат на мозокот доволно време да се опорави. […]

Меган Маркл гостин-уредник на британскиот „Вог“ : 15 жени ја слават различноста


Англија- Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, ја прифати понудата да биде гостин-уредник во најважното од сите изданија на „Вог“ , септемвриското. Таа ја креираше насловната страна за британскиот „Вог“, како и дел од текстовите  внатре. Така, првата страна ја красат 15 жени на кои Маркл им се восхитува, обединети под слоганот „Сили на промени“ (Forces […]

Два дена свадба во Монако: Се ожени Луис Дукре, синот на принцезата Стефани


Монако– Најстариот син на принцезата Стефани од Монако и Даниел Дукре, Луис Дукре (26) и неговата девојка од студентски денови, Мари Шевалие (26) се венчаа на голема церемонија, а славјето траело два дена. Двојката прво се венчала на цивилна церемонија, во кралската палата во Монако, а потоа и во црква каде во 1956 година се […]

Поп-ѕвездата Леона Луис се омажи во Тоскана


Италија– Поп-ѕвездата Леона Луис (34) и нејзиниот долгогодишен дечко, кореографот Денис Јауч (30) се венчаа во Италија, а избраа имот опкружен со лозја во Тоскана. Пејачката за време на свадбата сменила три тоалети: Венчаница, долга тоалета и комбинезон украсен со кристали. На свадбата присуствувале над 200 гости.

„Беше еднаш во Холивуд“: Ќе се исплати ли влогот на „Сони“ во Квентин Тарантино?


САД – Додека „Кралот лав“ се очекува да остане на првото место во бокс-офисот, по неговата премиера во јули и рекордните 191,5 милиони долари, вниманието на филмската индустрија сепак ќе биде фокусирано на „Беше еднаш во Холивуд“ во продукција на „Сони“, филм со буџет од 90 милиони долари што некои аналитичари го гледаат како обид […]

Кајли Џенер е најбогата ѕвезда на Инстаграм


САД– Риалити ѕвездата, Кајли Џенер, уште еднаш беше именувана за најбогатата ѕвезда на социјалната мрежа Инстаграм. И тоа воопшто не е случајно. Најмладата сестра во семејството Кардашијан  заработува 1,2 милиони фунти за секоја спонзорирана објава, објави Метро. Износот е зголемен за 27 отсто од минатата година. Кајли е проследена од пејачката Аријана Гранде, која има […]

Капетан во Парламентот: Амди Бајрам во морнарски стил


Политичкото „море“ во македонскиот Парламент ова лето е разбранувано, а вечниот капетан, пратеникот Амди Бајрам знае што е тренд во облекувањето. Морнарска блуза со розов костум , и сино марамче како моден детал. Некои модни стилови се вечни – без оглед на актуелниот тренд – секогаш ќе се враќаме на оние кои ни се проверени, […]

„Охрид колинг“ од 1 до 4 август: Забава со светски и домашни диџеи


Од 1 до 4 август на нова локација, во кругот на поранешната касарна во Охрид, ќе се одржи четвртото издание на „Охрид колинг 2019“ („Ohrid calling 2019“), фестивалот што иницијално беше организиран како активност во насока на промоција на туристичката понуда на градот. На денешната прес-конференција по повод фестивалот, Ивана Нолчева од продукцијата „Авалон“, како […]

„Беше еднаш во Холивуд“ на Тарантино доаѓа во Скопје на 15 август


САД– Најочекуваниот филм на годината „Беше еднаш во Холивуд“(Once Upon a Time in Hollywood)  на режисерот Квентин Тарантино ќе биде на редовниот репортоар на Синеплекс во Скопје од 15 август. Филмот кој имаше светска премиера во Кан, во мај, од утре ќе биде на репертоарот на кината во САД, а од 14 август и во […]

Тоше по 12 години ќе добие пристоен гроб: Барокниот архитект Чаушевски е автор на идејното решение


Барокниот архитект Жарко Чаушевски, автор на проектот „Скопје 2014“  е автор на идејното решение на спомен обележјето на Тоше Проески. Како што објасни Сотир Габелоски, задолжен за односи со јавноста во општина Крушево, идејното решение е прифатено од локалната самопуправа пред околу два месеца. Авторот Чаушевски единствен се пријавил на конкурсот. Иако се знаеше дека […]

Приватна колекција на висока мода во Метрополитен: Од Валентино до Шанел


САД- Институтот за костимографија на музејот „Метрополитен“ во Њујорк ги отвара вратите за култните модни парчиња висока мода од 80-тите на најголемата приватна колекционерка во светот: Сенди Шраер.Изложбата ќе биде отворена на 27 ноември. Колекцијата содржи парчиња од Валентино што ги носела експрвата дама на САД Џеки Кенеди до Сребрениот мини-фустан на Твиги на Ројас, […]

Почина Рутгер Хауер, култната ѕвезда од „Блејд Ранер“


САД- Ѕвездата на „Блејд Ранер“, Рутгер Хауер почина на 75 години, јавуваат странските медиуми. Холандскиот актер со холивудска слава е најпознат по улогата на Рој Бати, главниот непријател на ликот на Харисон Форд во филмот од 1982 година. За споредната улога во филмот „Бегство од Собибор“ во 1988 година доби „Златен глобус“. Неговиот агент Стив […]

Владата додели 10 милиони денари за уредување на вечното почивалиште на Тоше Проески


Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски денеска во Министерството за култура потпиша договор за изградба на спомен-обележјето на Тоше Проески, за што од Владата се доделени десет милиони денари. Христоски информира дека постапката за имплементација на проектот ќе започне веднаш. – Ние веќе работиме на целосната процедура за изградба на спомен-обележјето и сега по потпишувањето на […]

Бакар боја: Сара Мејс со ново поглавје во кариерата


Ивица Јанкуловски, има уникатна визија за авторската музика во Македонија. Преку проектот „Copper room sessions“ и во студиото „Алшар“ тој одлучи да ги отвори вратите на музичката уметност. Меѓу првите тоа го направи познатата македонска пејачка Сара Мејс. Таа со песната „Бакар боја“ одлучи да започне ново поглавје во својата кариера. Со ова авторско парче […]