Пет години во брак со Амал: Џорџ Клуни пушти голема брада

САД– Јавноста е шокирана од новиот изглед на оскаровецот Џорџ Клуни (52) , кој иако е женет, е омилен лик од Холивуд. Клуни пушти голема брада во пресрет на јубилејот-пет години во брак со адвокатката за човекови права, Амал Клуни (35).

Двојката ја прославила годишнината во ресторан во Њујорк заедно со пријателите Синди Крафорд и Ренди Гербер.

Цело лето беа во вилата на езерото Комо во Италија каде гости им беа родителите на Амал но и експретседателот на САД Барак Обама со сопругата Мишел.

Клуни кој е еден меѓу најбогатите актери, благодарејќи на продажбата на компанијата за текила, ретко снима филмови, и повеќе е фокусиран на ТВ-серии.