„Ај Кју“ со нова преработка: Народната „Јано Мори“ во модерна верзија


По неколкуте синглови со кои „Ај Кју’ смело запливаа во меѓународните музички води како “Dancin”, “Love me hate me” и “Too late” на ред дојде една интересна преработка на песната „Јано мори“.

Дуото кое по настапот на Евровизија 2018 е многу активно низ Европа и Австралија поголемиот дел од оваа година го помина во Лондон работејќи на нов материјал и остварувајќи нови соработки. Бојан Трајковски и Марија Ивановска одлучија да ја изненадат македонската јавност со едно уникатно музичко остварување.

На трансформирањето на еден ваков мелос во модерен и современ звук, тие заедно работеа со нивниот англиски ко-продуцент.

Самата преработка може да се погледне на: https://youtu.be/Xvp5UJ4tvoc

На оваа добро позната мелодија многу природно се надоврзува гласот на Марија кој со својата мекост и ненаметливост ѝ дава свежина на целата песна.

За песната е изработен и видео спот во режија на Кристијан Шемко, кој одлично ја отсликува и визуелизира целата атмосфера на филмот кој го ткаат Бојан и Марија.

Подготвена е и верзија со англиски текст која ќе се промовира на меѓународниот пазар следниот месец.