20. Моден викенд Скопје: Приказната во градот продолжува во ноември


Од пролетниот Моден викенд, во март

Скопје пак ќе биде центар на високата и кежуал-мода, со старо-нови дизајнери, нови идеи и концепт, со нови и етаблирани манекенки, со нови и стари гости и спонзори, со стари-нови хостеси, со нови и стари сеирџии, во нова или веќе видена гардероба, во нов, авангарден простор и со професионален и уникатен рекламен материјал, во организација на Света Богова-Јовановска.

Есенското издание на јубилејниот 20. Моден викенд – Скопје ќе се одржи од 1-3 ноември, во Музејот на град Скопје, кој слави 70 години од постоењето. Затоа и мотото ќе биде „Една деценија заедно – модната приказна во градот продолжува“. (Л.С.)

Фото: Б. Грданоски