Леди Гага ќе сними албум „Адел“


САД- Поп-ѕвездата Леди Гага (33) откри дека ќе го именува својот нов албум по британската поп-ѕвезда Адел.

Гага преку „Твитер“ ги извести своите 79,5 милиони следбеници дека албумот ќе го носи името Адел, што многумина ги одушеви и предизвика низа коментари.

„Следниот албум ќе го наречам Адел“, напиша Гага на својот твит и доби повеќе од 392.000 лајка.

Гага и Адел никогаш не соработувале, но се фотографираа заедно зад сцената на доделувањето на наградите „Греми“ во 2017 година. Исто така, познато е дека овие две пејачки немале несогласувања и дека меѓусебно многу се почитуваат.