Мајли Сајрус позитивна на коронавирус


САД– Мајли Сајрус вели дека „се чувствува добро“ откако тестирала позитивна на Ковид-19 само неколку дена пред доделувањето на наградите Греми. „Патувајќи низ светот, играјќи за 100.000 луѓе навечер и среќавајќи стотици обожаватели на ден, шансите да заболите од Ковид се прилично големи“, твитна во петокот пејачката на „Angels Like You“ , додавајќи: „Имам Ковид […]

Вил Смит ја напушти филмската Академија


Актерот Вил Смит ја напушто американската Академија за филмски уметности и науки откако на церемонијата на доделувањето на Оскарите му влепи шлаканица на комичарот Крис Рок, објави интернет изданието на магазинот Variety. „Ја изневерив довербата на Академијата. На другите номинирани и на победниците им ја ускративн можноста да слават и да биде прославени поради нивната […]

Концерт на стадионот на АРМ во мај- како звучи Масимо Савиќ на отворено?


Регионалната поп-ѕвезда Масимо Савиќ , до сега настапуваше во Универзални сала,  МОБ, Македонска филхармонија и конечно пролетва ќе пее на голем концерт на отворено во Скопје, во организација на „Авалон продукција“. Вториот пост-ковид open air концерт во Македонија (само еден ден после концертот на Deep Purple), ќе се случи на на 29 мај на стадионот […]

Наградите „Греми“ во сенка на Вил Смит и Крис Рок


 САД- 64-тото доделување на Греми награди ќе се одржи в недела, на 3 април и ќе се одржи во арената MGM Grand Garden во Лас Вегас, а водител, втора година по ред, ќе биде Тревор Ноа втора година по ред.  Силк Соник, славното ретро дуо со Бруно Марс и Андерсон .Паак ќе го отвори настанот,номинирани […]

„Златна малина“ ја поништи наградата „Брус Вилис“


САД– Организаторите на наградите „Златна малина“, коишто „му оддаваат почит“ на најлошиот филм на годината, ја поништија годинашната специјална награда посветена на Брус Вилис, откако неговото семејство соопшти дека глумецот се бори со афазија, пишува „Дејли мејл“. „По долго размислување и разговор, ’Златна малина‘ одлучи да ја укине наградата што му беше доделена на Брус Вилис, […]

Почина Патрик Демаршелие, моден великан и личен фотограф на леди Дајана


САД- Легендарниот моден фотограф Патрик Демаршелие почина на 78-годишна возраст. Соопштението беше објавено преку објава на официјалниот Инстаграм профил на Демаршелие во четвртокот попладне. „Со голема тага објавуваме дека Патрик Демаршелие почина на 31 март 2022 година, на 78-годишна возраст“, ​​се вели во објавата. Тој го остави неговата сопруга Миа, неговите три сина Н. Не […]

Брус Вилис не е единствениот, и овие ѕвезди мораа пак да научат да читаат, пишуваат и да зборат


Здравствената состојба на познатиот актер ја загрижи светската јавност, а со сличен проблем се соочија и актерките Шерон Стоун и Емилија Кларк   Линк до целиот текст на Глориа.хр тука

Вил Смит одбил да ги напушти Оскарите, вели Филмската академија


САД- Вил Смит може да се соочи со „суспензија“ или „протерување“ од Академијата за филмски уметности и науки поради шлаканицата на Крис Рок за време на Оскарите во недела. Одборот на гувернери = телото што ги надгледува наградите одржа итен состанок за да разговара за последиците за ѕвездата на Кралот Ричард, кој штотуку ја освои […]

Бијонсе и Џеј-Зи со приватна пост-оскаровска забава- ја откри провокативниот фустан


САД- Поп-ѕвездата Бијонсе го откри најубавиот пост-оскаровски фустан. Објави фотографии од неа во проѕирен фустан што ја носеше на нивната приватна пост-оскаровска забава.           View this post on Instagram                       A post shared by Beyoncé (@beyonce) Таа, исто така, сподели фотографии […]

Брус Вилис има афазија, се повлекува од филмот


САД- Семејството денеска објави дека 67-годишната ѕвезда на „Die Hard“, „Armageddon“ и „Pulp Fiction“ Брус Вилис „се повлекува“ од глумата како резултат на здравствени проблеми. Главна меѓу нив е афазијата, состојба која, според Клиниката Мајо, „ви ја одзема способноста за комуникација. Тоа може да влијае на вашата способност да зборувате, пишувате и разбирате јазик, и […]

Шарена колекција на H&M со потпис на Ајрис Апфел


Шведска– Глобалната икона на стилот Ајрис Апфел (100) е најновата соработничка која се приклучи на дизајнерскиот список на модниот бренд H&M, вклучувајќи ги и претходните дизајнери Карл Лагерфелд, Симон Роча и Стела Макартни. Токму нејзиниот еклектичен вкус и нејзиното влијание во модната заедница на прво место го привлекоа H&M! Пред да биде манекенка, Апфел беше […]

Британски поп-ѕвезди собраа пари на хуманитарен концерт за Украина


„Сноу патрол“ го отворија синоќешниот „ѕвезден“ хуманитарен концерт за собирање средства за Украина, со својот хит „Run“. По нив настапија Ед Ширан, Камила Кабело, Нил Роџерс, Емили Санде и Џамала – која победи на Евровизија во 2016 година за Украина. Тие се согласија дека „ќе испраќаат пораки на солидарност и надеж до народот на Украина“, […]

Алек Болдвин по осми пат татко, со Хиларија го очекуваат седмото дете


САД– Дали осум деца се доволно? Алек Болдвин наскоро ќе дознае, бидејќи тој и сопругата Хиларија открија дека чекаат уште едно дете. Двојката  веќе се родители на шест деца – две девојчиња и четири момчиња – на возраст од 8 до 1 година, додека актерот е татко и на 26-годишната манекенка и актерка Ајрланд Болдвин, […]

Андреа ќе настапи 11-та во второто полуфинале на Евросонг во Торино


Швајцарија- ЕБУ  денеска го објави редоследот на настапите во двете полуфинални вечери, на 10 и 12 мај, во кои вкупно 35 земји ќе се натпреваруваат за пласман во финалето.  Нашата претставничка Андреа ќе настапи 11-та во второто полуфинале на 12 мај на 66. Евросонг во Торино, Италија. Од регионот ќе настапат и Србија и Црна […]

Џесика Честејн: Која е годинешната добитничка на Оскар за најдобра актерка?


САД – Добитничката на последниот „Оскар“ за најдобра женска главна улога, за филмот „Очите на Теми Феј“, Џесика Честејн мина трнлив пат во животот за да стане една од најбараните, најплатените и најпочитуваните актерки во Холивуд. Во 2012 година, „Тајм“ ја вброи меѓу највлијателни личности во светот, а таа редовно се појавува и на листите на […]

Двете лица на Холивуд – споменуваат бегалци, но ретко донираат за помош на украинскиот народ


САД– Секоја година на Оскарите, освен на заслужните филмски уметници, посебно внимание се посветува на фустаните, уникатните тоалети, спорадичните гафови, но и на подароците што ги добиваат номинираните. Годинава како никогаш досега јавноста „пука“, бидејќи вредноста на подарокот надмина 100.000 долари. Многумина беа огорчени од ваквото однесување во времето на војната во Украина, па повикаа […]

Од Бил Мареј до Тимоти Шаламе- актери со најстил на Оскарите 2022


САД– Речиси 24 часа подоцна, сè уште размислуваме за најдобро облечените актери на Оскарите 2022 година. Во неделата, на 27 март, во театарот „Долби“ во Лос Анџелес видовме ѕвезди како Даниел Калуја и Ендру Гарфилд кои внесуваат боја во традиционалната машка свечена облека, но видовме и повеќе смели погледи од млади ѕвезди како Тимоти Шаламе. […]

Вил Смит јавно му се извини на Крис Рок за шлаканицата


САД – Актерот Вил Смит официјално се извини за тој шокантен момент на неделните Оскари, кога одговори на шегата на Крис Рок за фризурата на сопругата Џејда Пинкет Смит – Рок, доделувајќи ја наградата за најдобар документарен филм, што тој едвај чекаше да ја види во G.I. Џејн 2 – со качување на сцената и […]

Оскари 2022: Дијамантите се најдобри пријателки на ѕвездите (фото)


САД- Ако некогаш постоеше ноќ во која ќе се откријат неверојатни дијаманти и скапоцени камења што го оставаат здивот, таа ќе беше ноќта на Оскарите. Најдобрите во Холивуд синоќа во театарот „Долби“ во Лос Анџелес се појавија и се покажаа со најпрефинетиот накит на црвениот тепих на 94-тото доделување на Оскарите . Имаше многу блескави […]