Модата на Евросонг во Торино: Шик и шок (галерија)


Модата на Евросонг е исто толку важна колку и песните и настапите. Има многу стил и многу утки, монохроматски изглед и шарени модни изгледи, се меша ретрото со традиционалното и модерното, вкусот со кич- само за да се привлече вниманието на милионскиот аудиторим ширум светот, сите три вечери, почнувајќи од синоќа, утре и в сабота.

Пала Олимпико

Фокусот годинава е засилен зашто престижниот музички настан се одржува во Торино, Италија,- земја  која е  центар на висока мода, стил, естетика во сите сфери на живеење- од облеката, храната, пиењето кафе до архитектурата . 

Како да се биде поинаков и оригинален во земја каде сите изгледаат како од модни магазини, каде убавото е на пиедестал, каде се концентрирани најдобрите и навлијателни модни дизајнери и модни куќи во светот- од Армани до Валентино, ДиГ, Етро,…

Водителите на 66. Евросонг  годинава беа облечени во висока мода. Италијанската поп-ѕвезда, добитничка на Греми, Лаура Паузини, смени три креации во џиш розова боја на „Валентино“. Реакциите за нејзиниот изглед се различни. Алесандро Кателан беше во изглед со потпис на Армани, а либанско- британската поп ѕвезда Мика, исто така, беше во „Валентино“. 

Литванија

По првото полуфинале во Пала Олимпико, синоќа, меѓу 17 изведувачи, со својата елегантна појава се издвојуваше  Литванката Моника Лиу, а најмногу разочара изгледот на претставничката на Албанија, Ронела Хајати. Најоригинални беа Норвежаните. (Л.С.)

Фото: ЕБУ

Албанија
Норвешка
Австрија
Бугарија
Грција
Данска
Ерменија
Исланд
Латвија
Молдавија
Словенија
Украина
Холандија
Хрватска

Франција

Италија