Финале: Кој ќе победи на Евросонг 2022?


Италија– Вечерва од 21 часот во арената Пала Олимпико во Торино е завршницата на годинешниот 66. Евросонг- со финалето на кое ќе настапат 25 земји, а ќе можат да гласаат сите учесници односно 41 земја. Македонскиот претставник Андреа Коева и покрај својот одличен, сигурен, мошне моќен настап со „Circles“ не обезбеди влез за големата вечер. Од соседите им успеа само на Србија и на Грција. 

Пласман во финалето од втората полуфинална вечер обезбедија Србија, Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска и Романија, а од првата полуфинална вечер- Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. Директен пласман во финалето покрај домаќинот Италија имаат Франција, Германија, Шпанија и Велика Британија.

Како специјални гости на финалната вечер на 65. Евровизија ќе настапат ланските победници „Манескин“ и италијанската суперѕвезда и првата победничка на натпреварот во Италија, Џиљола Чинкети.

Италија е по трет пат домаќин на Евросонг по 1965 година во Неапол и по 1991 година во Рим.